Советувалиштето за превенција од употреба на дроги беше отворено на 15-ти септември од страна на Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски и Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Советувалиштето работи како дел од Младинскиот центар „Сакам да знам“ кој се наоѓа во амбуланта Водно. Тоа ќе работи секој ппонеделник и петок од 14.30 до 16.30 часот. Неговата работа е поддржана од страна на гард Скопје преку проект за превенција од употреба на дроги помеѓу средношколска популација во Скопје.
Во спроведувањето на проектот се вклучени 9 средни училишта од територијата на град Скопје, а целиот проект е во висина од 1 милион денари и трае 10 месеци.
За сите ифнромации поврзани со работењето на советувалиштето можете да добиете на телефон 02/3176-950 или на е-пошта contact@sakamdaznam.org.mk