Коалицијата сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници на 11.03.2015 поднесе жалба до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите во Македонија за емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сител 3.
Комисијата за жалби при советот за етика во медиумите во Македонија на 11.06.2015 година се изјасни дека жалбата во однос на емисијата „Јади бурек“ е основана.
Коалицијата на оваа одлука гледа како на значаен напредок во саморегулацијата на медиумската сфера во Македонија, и како мал, но важен исчекор на неколкугодишниот молк на медиумите и другите институции во Македонија по однос на континуираниот говор на омраза и дискриминација кон ЛГБТИ лицата.
Деталното образложение во Одлуката на Комисијата за жалби при Советот за етика во Медиумите во Македонија може да го преземете на следниот линк