Здружението ХЕРА ја информира јавноста дека преку продадените карти за хуманитарниот гала-концерт на оперски арии, одржан на 1 –ви декември 2011, а организиран во партнерство со Македонската опера и балет и поддржан од Претседателот на Република Македонија, Министерство з здравство на Република Македонија, Тематската група за ХИВ на Обединетите нации и Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА се собраа вкупно 225.000,00 денари.Со средствата од концертот е набавен едно пакување на т.н. PCR-тестови и соодветни реагенси, кои служат за мерење на вирусниот товар кај лицата со ХИВ, и се од клучна важност за следење на успешноста на терапијата. За комплетот се потрошени 204.580,00 денари, а истиот е доволен за едно тестирање на 48 пациенти кои имаат најитна потреба од овој тест. Тестовите беа предадени на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, како референтна институција за третман на ХИВ-инфекцијата во земјава.Со преостанатите средства во износ од 20.420,00 денари беа набавени социјални пакети за лица со ХИВ кои живеат под линијата на сиромаштијата. Овие средства, се искористени како надополнување на фондот за материјална социјална помош што ХЕРА редовно ја обезбедува.Воедно, ХЕРА и Заедно посилни – групата за поддршка и самопомош на лицата што живеат со ХИВ, сакаат да им се заблагодарат на сите институции и организации, на бизнис-заедницата и на поединци што покажаа висока свесност и дадоа јавна поддршка на лицата со ХИВ во Македонија и заеднички ја упатија пораката до пошироката јавност: ХИВ нè засега сите. Поддржи ги лицата што живеат со ХИВ! Тестирај се за ХИВ!
Благодарност што овозможија остварување на концертот и на целата кампања се упатува до:
– Акцент Медија – Генерален медиумски партнер
– Радио Метрополис – Генерален медиумски партнер
– Нова Македонија – Генерален медиумски партнер
– Амбасада на Република Франција – Соработник
Донатори на хуманитарниот концерт:
- Амбасада на Република Словенија
- Амбасада на Народна Република Кина
- ЕВН Македонија
- Хотел АРКА
- Технички гасови – Скопје
- Македонска авторска агенција
- Медикофармација
- Грант Тортон
- Порше Македонија
- ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
- Зегин
- Медицина
- Смарт Солушн
- Медија Принт Македонија
- Патент центар
- ТОЗ МК ДООЕЛ
- Авис ДООЕЛ
- СВИД ДООЕЛ
- ЕГАЛ
- Винарија „Стоби“
- Логин Електроникс