15.05.2015

Конкурс за проектен координатор

ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на проектен координатор за потребите на проектот „Теренско доброволно советување и ХИВ тестирање“ за период јуни – декември 2016.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

–          Завршено високо образование

–          Основни познавања на работа со компјутери (Microsoft office)

–          Најмалку 2 години работно искуство во граѓански сектор и раководење на проекти

–          Искуство во водење и планирање на финансии

–          Одлични  познавања на Македонски и Англиски јазик

–          Изградени способности за тимска работа и комуникација

–          Максимална посветеност кон работата

–          Државјанин на Република Македонија

Предност ќе имаат кандидати коишто имаат:

–          Искуство во работа со маргинализирани групи

–          Искуство во граѓанскиот сектор

Најдоцна до 17.00 часот на 22 мај (петок) 2015, заинтересираните кандидати треба да достават:

–          електронска (скенирана) копија од диплома за завршено високо образование

–          кратка биографија

–          писмо за мотивација

–          една препорака од претходните ангажмани како проектен координатор

Ве молиме во апликацијата да наведете телефон за контакт и e-mail адреса.

Кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид.

Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за проектен координатор можете да ги доставите на следниов начин:

Електронски: konkurs@hera.org.mk

По факс на: 02 55 6 002

По пошта: Х.Е.Р.А Дебарца, 56/4 1000 Скопје

Во рок од 5 дена од завршувањето на огласот апликатите кои најдобро одговараат на критериумите  дадени погоре ќе бидат повикани на интервју.

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Карта со оцена од заедницата #6

Картата со оцена од заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата на Ромките од Шуто Оризари поврзани со услугите за планирање на родителство, услугите во текот на бременоста и по породувањето.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за социјален/на работник/чка

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање социјален/на работник/чка во Младинскиот центар „Сакам да знам“ во Шуто Оризари за периодот август – декември 2018 година.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.