На крајот на 2016 година, ХЕРА започна со нова програма за практиканти наменета за младите. Преку оваа програма, младите имаат можност да се вклучат во секојдневните активности на организацијата и така да се развиваат и да стекнат искуство во повеќе области.
Младите кои се заинтересирани да станат практиканти во ХЕРА треба:
- Да се на возраст од 18 до 25 години;
- Да имаат најмалку една година волонтерско или активистичко искуство во формално или неформално здружение на граѓани;
- Да координирале или воделе одредена активност како волонтери или активисти во последните две години;
- Одлично да го познаваат македонскиот и англискиот јазик;
- Да имаат изградени вештини за логистика;
- Да имаат изградени вештини за информатичка технологија (Word, Excel, PowerPoint, WordPress, друштвени медиуми);
- Да бидат одговорни и навремено да ги исполнуваат зададечните задачи.
Предност ќе имаат младите коишто:
- Поминале обука од областа на сексуалното и репродуктивното здравје и човековите права и/или
- Поминале модул на сеопфатно сексуално образование.
Практикантот/ката ќе биде одговорен/на да асистира и така да стекнува искуство и знаења поврзани со спроведувањето на активности кои се однесуваат на младинската програма во ХЕРА. Практикантот/ката ќе волонтира на активности коишто имаат за цел да го зголемат учеството на волонтерите во промоција на СРЗП и ССО, како и да поттикнат поголема вклученост на волонтерите како едукатори за ССО. Практикантот/ката ќе подготвува редовни извештаи за спроведената работа пред координаторот на младинската програма.
Предвиденото време за волонтирање на практикантот/ката е секој работен ден од 08.30/9.30 до 12.30/13.30 или од 12.30/13.30 до 16.30/17.30 часот. Со оваа позиција се предвидени вкупно 20 часа волонтирање неделно. Предвидениот нето надоместок за трошоци за храна и превоз изнесува 4.654,00 денари месечно.
Најдоцна до 27 октомври (петок), заинтересираните волонтери треба да испратат:
- Кратка биографија во која ќе ги наведат активностите кои ги имплементирале како волонтери или активисти, како и обуките што ги поминале;
- Пополнета Пријава за практикант во ХЕРА;
- Индивидуална препорака од одговорно лице во здружението каде што сте волонтирале.
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-пошта. Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од конкурсот, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворањето на конкурсот.
Документите со назнака на пораката Конкурс за практикант/ка може да ги доставите по електронска пошта: konkurs@hera.org.mk