19.09.2017

Повик за ангажирање на експерт за форум-театар

Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува повик за ангажирање експерт за подготовка и реализација на форум-театарска претстава за потребите на проектот „Менување на негативните наративи за Ромите во здравствените институции“, проект поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Проектот има за цел на креативен начин да го подигне нивото на емпатија кај здравствените работници од една страна и кај ромската заедница од друга. Односно, преку промена на наративите за пациентите Роми, да се подобри комуникацијата и нивото на соработка меѓу докторите и Ромите. Притоа, форум-театарот е една од низата проектни активности преку кои ќе се (из)градат позитивни ставови и однесување кај здравствените работници во Скопје, Битола и Делчево кон пациентите Роми. Форум-театарската претстава ќе биде изведена три пати, во театри во Скопје, Делчево и Битола.

ОПИС НА АНГАЖМАНОТ

Очекувани резултати:

  1. Фасилитирање на фокус-групи со здравствени работници и претставници од ромската заедница во градовите опфатени со проектот, преку кои би се идентификувале реални ситуации за подготовка на сценарио за форум-театарската претстава за промена на наративи кај здравствените работници за Ромите како пациенти.
  2. Подготовка на сценарио за форум-театарската претстава.
  3. Избор и составување на група на аматерски и/или професионални актер(к)и кои ќе ја одиграат претставата.
  4. Режирање и сценска подготовка на форум-театарската претстава.
  5. Модерирање на дискусиите со публиката во рамки на форум-театарските претстави во градовите опфатени со проектот.


ПРОФИЛ И ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

Експертот за форум-театар треба да има соодветно знаење и искуство со веќе докажани продукти. Поточно, експертот треба да ги исполнува следните услови:

  • Искуство од најмалку 5 години во областа на подготовка на форум-театарски престави, театарска режија и работа со млада популација;
  • Искуство од најмалку 5 години во модерирање на јавни настани и дискусии со публика, кои се дел од форум-театарски претстави;
  • Во својата биографија да посочи на искуства во работа со граѓанскиот сектор во РМ и во познавање на човековите права, правата и потребите на лицата од ромската заедница;
  • Познавање на здравствениот систем на РМ и правата на пациентите;
  • Способности за планирање и организација;
  • Течно говорење на македонскиот јазик;
  • Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи.

ВРЕМЕНСКА РАМКА

Ангажманот се очекува да трае 35 работни денови во периодот од октомври 2017 до април 2018 година со вклучени повремени патувања до градовите опфатени со проектот.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните лица, најдоцна до 1 октомври 2017 година, потребно е да достават:

  • професионална биографија
  • мотивациско писмо
  • портфолио/листа на клиенти/организации за кои се спроведени исти/слични активности

Документите со назнака Повик за експерт за форум-театар треба да се достават:

  1. Електронски на следната е-адреса: konkurs@hera.org.mk или
  2. По пошта на следната адреса: Х.Е.Р.А., ул. „Франклин Рузвелт“ бр. 51А, 1000 Скопје

Пријавените кандидати ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, најдоцна 15 дена по изборот на експерт за форум-театар.

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Карта со оцена од заедницата #6

Картата со оцена од заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата на Ромките од Шуто Оризари поврзани со услугите за планирање на родителство, услугите во текот на бременоста и по породувањето.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за изработка и дизајн на двојазична веб-страница

Во рамки на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање на политики за сексуално и репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби“ што ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување го спроведува со поддршка од УНФПА, предвидени се средства за изработка и дизајн на двојазична веб-страница за Минималниот основен пакет на […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.