18.10.2017

Конкурс за практикант/ка во ХЕРА

На крајот на 2016 година, ХЕРА започна со нова програма за практиканти наменета за младите. Преку оваа програма, младите имаат можност да се вклучат во секојдневните активности на организацијата и така да се развиваат и да стекнат искуство во повеќе области.

Младите кои се заинтересирани да станат практиканти во ХЕРА треба:

  • Да се на возраст од 18 до 25 години;
  • Да имаат најмалку една година волонтерско или активистичко искуство во формално или неформално здружение на граѓани;
  • Да координирале или воделе одредена активност како волонтери или активисти во последните две години;
  • Одлично да го познаваат македонскиот и англискиот јазик;
  • Да имаат изградени вештини за логистика;
  • Да имаат изградени вештини за информатичка технологија (Word, Excel, PowerPoint, WordPress, друштвени медиуми);
  • Да бидат одговорни и навремено да ги исполнуваат зададечните задачи.

Предност ќе имаат младите коишто:

  • Поминале обука од областа на сексуалното и репродуктивното здравје и човековите права и/или
  • Поминале модул на сеопфатно сексуално образование.

Практикантот/ката ќе биде одговорен/на да асистира и така да стекнува искуство и знаења поврзани со спроведувањето на активности кои се однесуваат на младинската програма во ХЕРА. Практикантот/ката ќе волонтира на активности коишто имаат за цел да го зголемат учеството на волонтерите во промоција на СРЗП и ССО, како и да поттикнат поголема вклученост на волонтерите како едукатори за ССО. Практикантот/ката ќе подготвува редовни извештаи за спроведената работа пред координаторот на младинската програма.

Предвиденото време за волонтирање на практикантот/ката е секој работен ден од 08.30/9.30 до 12.30/13.30 или од 12.30/13.30 до 16.30/17.30 часот. Со оваа позиција се предвидени вкупно 20 часа волонтирање неделно. Предвидениот нето надоместок за трошоци за храна и превоз изнесува 4.654,00 денари месечно.

Најдоцна до 27 октомври (петок), заинтересираните волонтери треба да испратат:

  • Кратка биографија во која ќе ги наведат активностите кои ги имплементирале како волонтери или активисти, како и обуките што ги поминале;
  • Пополнета Пријава за практикант во ХЕРА;
  • Индивидуална препорака од одговорно лице во здружението каде што сте волонтирале.

Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-пошта. Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од конкурсот, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворањето на конкурсот.

Документите со назнака на пораката Конкурс за практикант/ка може да ги доставите по електронска пошта: konkurs@hera.org.mk

 

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Брошура за правата на ЛГБТИ луѓето

За македонските граѓани хомосексуалците се една од најмалку прифатливите групи сограѓани. ЛГБТИ луѓето се соочуваат со дискриминација на работното место, при користењето на правата од социјалната заштита и при пријавување случаи во полициска станица. 

Повеќе »

Чук, чук, извинете што пречам на часот, ССО кога ќе имаме?

Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за координатор/-ка на младинските центри „Сакам да знам”

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на координатор/-ка  на младинските центри за сексуално и репродуктивно здравје „Сакам знам” во Скопје, за периодот јануари – декември 2019 година.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.