На Јавната расправа за сексуално образование која што се оддржа во Собранието на Република Македонија на 28.01.2011 година се донесоа следниве заклучоци:
- Комисијата ја прифаќа и ја поддржува Рамката за сеопфатно сексуално образование изготвена од претставниците на ресорните министерства за образование, за здравство и за труд и социјална политика, како и од други одговорни државни институции, од меѓународните организации и од граѓанскиот сектор;
- Комисијата ги поздравува активностите на Министерството за здравство со кои во пракса се спроведуваат насоките на Нацрт-стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје, особено преку новите 19 информативни пунктови. Истовремено, им препорачува на Министерството за здравство и Министерството за образование покоординирано имплементирање на сите национални стратегии поврзани со сексуалното образование;
- Комисијата смета дека има потреба Бирото за развој на образованието да го утврди степенот на имплементација на предметот „Животни вештини“ во делот на сексуалното образование. Понатаму, Комисијата препорачува, во согласност со Рамката за сеопфатно сексуално образование, да се изготви издвоена програма за сексуално образование и да се спроведе преку пилот-програма;
- Комисијата се согласи да организира, во соработка со ХЕРА, посета на парламентарци на Младинските центри за сексуално и репродуктивно здравје „Сакам да знам“, за да се запознаат поблизу со нивното функционирање, како и со можноста за нивно интегрирање во здравствениот систем;
- Комисијата очекува Владата да преземе редица мерки со кои ќе се заштитат децата и младите од сексуална злоупотреба и злоставување;
- Комисијата смета дека има реална потреба за широка кампања за сексуално образование на севкупната популација, во која е спремна да соработува со ресорните министерства и невладините организации.
Целосниот текст можете да го погледнете тука.