Настојувајќи да ги подобри активностите во програмите, политиките и финансирањето, поврзани со ХИВ превенцијата кај девојките и кај младите жени, ова Свидетелство е резиме на моменталната состојба на превентивните стратегии и услуги за ХИВ кај девојките и кај младите жени на возраст од 15 до 24 години во Македонија.Анализирајќи ги петте главни подрачја кои влијаат на ХИВ-превенцијата, Свидетелството дава препораки за главните чинители во државата со цел зајакнување на интервенциите во поглед на превентивните стратегии и услуги за ХИВ кај девојките и кај младите жени во Македонија.
Свидетелството е достапно на македонски и англиски јазик.