05.12.2018

Привремените мерки на заштита од семејно насилство сè уште не ги заштитуваат жртвите на семејно насилство

Во Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство се предвидени привремени мерки на заштита од семејно насилство, чија крајна цел се заштитата на жртвите и превенцијата од повторување на насилството од сторителот. Иако овие мерки се изрекуваат од надлежните институции, постојат многу недостатоци во нивното соодветно и навремено спроведување, поради што не се постигнува крајната цел, односно жртвите не се заштитени.

Забраната сторителот да се приближува на жртвата, забраната да поседува огнено или друго оружје или истото да му биде одземено, задолжителното лекување на сторителот доколку злоупотребува, алкохол, дрога и други психотропни супстанции или има психичко заболување, отстранувањето од домот без оглед на сопственоста на сторителот и задолжителната обврска да посетува соодветно советувалиште се дел од привремените мерки кои овозможуваат да се обезбеди итна заштита на жртвата на семејно насилство и да се спречи повторување на насилството.

Надлежноста да предлагаат привремени мерки им припаѓа на центрите за социјална работа, судовите ги изрекуваат, а полицијата, здравствените институции и специјализираните сервиси ги спроведуваат. Мерката се предложува и изрекува, но нејзиното спроведување е задоцнето или воопшто не се случува. За да се подобри системот на заштита на жртвите на семејно насилство, потребно е итно и соодветно спроведување на мерките на заштита.

Оттука, произлегува потребата од:

  • Јасна и непречена координација и соработка меѓу сите вклучени сектори во целиот процес од изрекувањето на мерката до нејзиното целосно спроведување. Ова бара измена и дополнување на подзаконските акти и правилници кои ја уредуваат надлежноста на полицијата при постапување на терен кога ги спроведуваат мерките, измена и донесување нови подзаконски акти кои ја уредуваат координација меѓу полицијата од една страна и здравствените институции од друга страна при спроведување на мерката Задолжително лекување на сторителот доколку злоупотребува, алкохол, дрога и други психотропни супстанции или има психичко заболување;
  • Позачестено предлагање на различен сет од постоечките мерки кои се законски предвидени согласно проценката на ризикот и потребите на жртвите на семејно насилство, од страна на центрите за социјална работа. Ова значи и полесно предлагање на мерките во насока на заштита на жртвите без никакво осудување и без дискриминација по ниту една основа со цел да се избегне процесот на самостојно иницирање на постапките за изрекување мерки кои траат многу долго и ја оставаат жртвата незаштитена и ранлива на ново насилство во тој период;
  • Задолжителни и континуирани обуки на полицијата за сензибилизација во врска со семејното насилство, но и со родовобазираното насилство, начинот на прием на жртвата и постапувањето при семејно насилство, спроведувањето на мерките и итноста на постапките со цел навремена заштита на жртвите. Моменталната практика покажува дека на жртвите им се ограничува пристапот до заштита поради субјективни фактори, односно постојат случаи кога пријавите на насилство се регистрираат како поплаки за нарушување на јавниот ред, а неретко жртвите или пријавувачите на насилство се соочени со казна за лажно пријавување на насилство.
  • Отворање на советувалишта за третман на сторители на семејно насилство во целата држава. Во земјата постои само еден сервис за сторители во Скопје. Добрата практика на спроведување на мерката задолжително советување во советувалиште за сторители, која се спроведува во Првиот семеен центар на Град Скопје, со кој управува ХЕРА, покажа дека успешното советување спречува повторување на насилството и дава промена во однесувањето на сторителите. Тоа е најсигурен начин да се спречи повторното насилство врз жртвата или врз идни жртви.

Овие препораки и заклучоци беа изнесени на дебатата „Привремени мерки за заштита од семејно насилство: Добри практики и предизвици“, што се одржа на 3 декември 2018 година во Скопје во организација на ХЕРА и Градот Скопје.

Дебатата покажа дека и натаму постојат бројни пречки и недостатоци во спроведувањето на привремените мерки на заштита, за чиешто надминување е потребно да се вклучат сите сектори со конкретни чекори за примена на дадените препораки.

Со ратификацијата на Истанбулската конвенција и усвоениот Национален акциски план за нејзина имплементација, како и со најавените социјални реформи предвидени со Предлог-законот за социјална заштита и системот на водење на случај очекуваме значително да се подобри системот на заштита на жртвите на семејно насилство и други форми на насилство.

Настанот беше дел од глобалната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените и девојчињата“, што се спроведува секоја година со цел да се подигне свеста и да зајакне активизмот против родовобазираното насилство.

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Кои се инвестициите и минималните стандарди за заштита од родово засновано и семејно насилство?

Родово заснованото и домашното насилство се меѓу најгорливите проблеми кај нас и дел од секојдневието на многу граѓанки и граѓани. Како потписничка на Истанбулската конвенција, нашата земја има обврска ефективно да се справи со оваа состојба; едно од клучните решенија е да обезбеди основни финансиски средства и стандарди за подобрување на достапноста кон специјализираните сервиси за жртвите на овие видови […]

Повеќе »

„Задоволство и врски“ – SexEd 2.0

На второто издание на SexEd зборувавме за магијата на задоволството, разноликоста и филозофијата на врските – со себе и другите. Јавно отворивме многу скокотливи теми и скршивме цел куп табуа во само една вечер. SexEd 2.0 е едукативно и инспиративно патување за сите сетила, а сега во него можете да уживате и вие преку раскажувачките моќи на нашите говорници.

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

„Нега Плус“ нуди можност за работен ангажман

„Нега Плус“ e социјално претпријатие кое нуди професионална грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови, основано во рамки на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување. За потребите на „Нега Плус“, објавуваме повик за ангажирање: две сертифицирани негувателки за нега и грижа на стари лица во домашни услови; две жени за одржување и помош во […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.