Врсничкото насилство е секојдневна реалност. Токму затоа за него мора да се зборува и дома и во училиште – оти само така поретко ќе се случува.
Една од седумте компоненти на сеопфатното сексуално образование ги учи децата како да препознаат булинг и други форми на вознемирување и насилство, било да се случува онлајн или офлајн. Преку неа можат да научат и како да се заштитат и кому можат да му се обратат доколку се жртва или сведок на насилство.
Прочитајте повеќе што сè би можеле да научат младите преку сеопфатното сексуално образование.