1.Што сме постигнале досега:
- Публикацијата „Сексуални права: Декларација на МФПР“ е објавена на македонски јазик
- ХЕРА воспостави услуги за бесплатна правна помош за луѓе кои живеат со ХИВ
- По реакциите на повеќе здруженија на граѓани за новиот рестриктивен Закон за прекинување на бременоста 2013 беа отстранети два од петте штетни амандмани
- Се подготвија неколку извештаи во сенка за состојбата со сексуалните права во Македонија, особено до Комитетот за човекови права, Комитет за економски, социјални и културни права и Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената
- Заедно со Родовата платформа и Интерресорската група за еднаквост меѓу жените и мажите, во текот на 2015 година се подготви публикација за Целите за одржлив развој на Обединетите нации (2016–2030)
- Пред самото одржување на Самитот на Обединетите нации за пост-2015 рамката за развој во Њујорк, Платформа за Родова Еднаквост и Интерресорската комисија ја организираа конференцијата со наслов „Родовата еднаквост во Македонија во пост-2015 рамката за развој – Планирање на идни чекори“
- Во рамки на Мрежата за заштита од дискриминација се поднесоа претставки за кршење на сексуалните права до надлежните институции
- Во 2015, по обуките за Комисијата за заштита од дискриминација е донесен „Протокол за утврдување на постапката за постапување во случаи за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“
2.Партнери
- Меѓународна федерација за планирано родителство
- Коалиција Здравствени и сексуални права на маргинализирани заедници
- Мрежа за заштита од дискриминација
- Центар за репродуктивни права
- Ирска асоцијација за планирано родителство
- Реактор
- Хелсиншки комитет за човекови права
- Младинска платформа за ССО во која покрај ХЕРА членуваат: НМСМ, ЈЕФ; ХОПС, МОФ, Y-PEER, Младите можат, Сенки и облаци и Излез.
- Национална мрежа за борба против хомофобија и трансфобија
- Народен правобранител
- Комисија за заштита од дискриминација
- Советник за човекови права при Канцеларијата на резидентниот координатор на ОН
3. Лицa за контакт
Елена Петровска
elena.petrovska@hera.org.mk