1. Што сме постигнале досега:
- Отворен е Прв семеен центар, кој нуди бесплатни, доверливи и анонимни услуги за психо-социјална поддршка на жртви и сторители на семејно насилство.
- Застапување за интегрирање на Целите за одржлив развој на Обединетите нации (2016–2030) кои се од интерес на родовата еднаквост во националните политики, во соработка со Родовата платформа и Интерресорската група за еднаквост меѓу жените и мажите. Подготвен Информативен билтен.
- Спроведена стандардизација на специјализирани услуги за помош и поддршка на жртви на семејно насилство кај 5 граѓански организации.
- Создадени работни можности за жени жртви на семејно насилство преку нивно обучување и сертифицирање за нега на стари лица во домашни услови.
- Учество во спроведување на активности во рамки на кампањата „16 дена активизам против родово засновано насилство“.
- Изработена Родова проценка на социјалните политики и буџети на локално ниво во Куманово, Штип и Струмица.
- Во 2012 година, отворен е првиот шелтер центар за жртви на семејно насилство, во соработка со општината Струмица, Организација на жени Струмица и Струмичката Епархија.
- Формирано е локално координативно тело и усвоена локална стратегија и акционен план за борба против семејно насилство во општина Струмица.
- Членка на Платформа за родова еднаквост и на Националната мрежа за борба против насилство врз жените и семејно насилство.
2.Партнери
- Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и сите нејзини членки
- Платформа за родова еднаквост и сите нејзини членки
- UnWomen
- УНФПА
- Министерство за труд и социјална политика
- Град Скопје
- Општина Центар
- Општина Струмица
- Комерцијална банка
- Американска амбасада во Скопје
- Центар за институционален развој-ЦИРа
- Македонска платформа против сиромаштија
- ASTRA-Central and Eastern European Women’s Network for Sexual and Reproductive Rights and Health
3.Лицa за контакт
Маја Балшиќевска
maja.balsha@hera.org.mk