1. Што сме постигнале досега:
- Отворени два младински центри – првиот младински центар „Сакам да знам“ во амбулантата Водно во април 2005 година; вториот младински центар „Сакам да знам“, во амбулантата Шуто Оризари во септември 2006 година;
- Обезбедување на бесплатни услуги, прегледи, советувања, тестирања за сексуално преносливи инфекции, наменети за ранливи и маргинализирани групи на млади;
- За 10 години на над 25.000 клиенти пружени им се повеќе од 80.000 услуги. Од нив, 70% се млади до 30 години кои доаѓаат од социјално-исклучени или ранливи групи, 20% се студенти и средношколци
- Развиен посебен пристап и систем на работа адаптиран на потребите на целните групи, со низок праг на пристапност и отвореност за младата популација;
- Обезбедеден безбеден личен простор кој гарантира анонимност, доверба и дискреција кај клиентите кои ги користат услугите на младинските центри;
- Спроведена анализа од прашалниците за задоволство на клиентите која укажува дека над 90% од корисниците се задоволни од услугите кои ги добиле во центрите и повторно би се обратиле за дополнителни услуги во овие центри;
- Одржана е првата конференција за одржливост на центрите „Инвестицијата во младите – придобивка за сите“ на која присуствуваа повеќе од 20 домашни и меѓународни општествено одговорни компании на кои им беше претставена работата на младинските центри;
- Започната кампања за мобилизација на средства за продолжување на работата на младинските центри „Сакам да знам“.
2.Партнери:
- Глобален Фонд за борба против туберкулоза и маларија
- Министерство за здравство на Република Македонија
- Партнерски организации: Стар Стар, Егал, Заедно посилни, ХОПС
3. Лице за контакт
Весна Матевска
vesna.turmakovska@hera.org.mk