ХЕРА, во рамките на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), објавува повик за учество на обука за врснички едукаторки и едукатори.
Обуката опфаќа:
- I дел: тридневна обука за теоретско запознавање со седумте компоненти на ССО: род, тело и слика за телото, сексуално и репродуктивно здравје, врски и односи, сексуалност и сексуално однесување, насилство и граѓански аспекти на сексуалноста и репродукцијата. Обуката ќе се одржи од 3 до 5 март на локација надвор од Скопје.
- II дел: дводневен практичен дел за спроведување на работилници и процес на акредитација на врсничките едукатори. Овој дел ќе се оддржи на 25 и 26 март во Скопје.
- Сите учесници кои ќе ја поминат акредитацијата ќе станат сертифицирани едукатори и едукаторки на ХЕРА и ќе имаат можност да спроведуваат едукации на млади.
Ги покануваме да се пријават сите млади кои се:
- на возраст од 16 до 23 години,
- мотивирани да водат работилници за едукација на врсници,
- имаат основни познавања за сексуално и репродуктивно здравје и права и
- сакаат да работат во тим, знаат да исполнуваат задачи навреме.
Пожелно е пријавените да:
- имаат волонтерско и активистичко искуство во областа на човековите права и/или
- да се студенти/студентки на институтите за род, психологија, филозофија, социјална работа, Медицинскиот или Правниот факултет.
Заинтересираните треба да испратат:
- Кратка биографија во која ќе го наведат своето претходно волонтерско и активистичко искуство, поминати обуки за човекови права или зa сексуално и репродуктивно здравје и
- Писмо во кое ќе ја изразат својата мотивација зошто сакаат да бидат едукаторки и едукатори (најмногу 500 зборови).
Сите документи треба да бидат на македонски јазик. Документите со назнака/предмет на пораката Повик за обука на врснички едукатори треба да се испратат на seksualnoobrazovanie@hera.org.mk најдоцна до 24 февруари (петок) до 18 часот.
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор можно е да бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефонски број и е-адреса за контакт.
Бројот на учесници е ограничен. Средствата за сместувањето и патните трошоци за двата дела од обуката ги покрива ХЕРА. За вториот дел, ова важи само за учесниците со живеалиште надвор од Скопје.