„Нега Плус“ e социјално претпријатие кое нуди професионална грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови, основано во рамки на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.
За потребите на „Нега Плус“, ХЕРА како сертифициран давател на социјалната услуга „помош и нега во домот“ објавува повик за ангажирање на 6 негувател(к)и.
Заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- кратка биографија (CV) и
- сертификат за помината обука за нега на стари лица.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за ангажман во Нега Плус треба да се испратат електронски на negaplus@hera.org.mk најдоцна до 10 јануари 2022 година.
Кандидат(к)ите кои ќе ги достават бараните документи ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот. Оние кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Сите пријавени ќе бидат известени за резултатите, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворањето на конкурсот.