ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на консултант за спроведување на Истражување на потребите и ставовите и подготвување на Стратешка рамка 2017-2020 на организацијата.
Ангажманот е во рамките на проектот „Цивика Мобилитас институционален грант ЦМ-ИНС-03“. Цивика Мобилитас е проект на Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), претставен од Швајцарската амбасада во Република Македонија, кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).
Во рамки на проектот е предвидено подготовка на нова мисија и визија на организацијата, во согласност со потребите и ставовите на нејзините конституенти, како и изработка на нова Стратешка рамка на делување 2017-2020.
Повикот е отворен за физички и правни лица.
АНГАЖМАНОТ ОПФАЌА:
- Спроведување на истражување за потребите и ставовите на конституентите на организацијата и дефинирање на нова мисија и визија на организацијата
- Изработка на методологија и дизајн на истражувањето
- Спроведување на истражување помеѓу конституентите на организацијата (вработени, членови, волонтери, корисници на услуги, партнери, донатори, институции и донесувачи на одлуки)
- Анализа и презентација на првични наоди од истражувањето пред организацијата
- Подготовка на предлог/концепт мисија и визија во согласност со наодите од истражувањето
- Работна средба со конституентите за евалуација на изработениот предлог/концепт мисија и визија и прибирање на фидбек од истите
- Ревидирање на концептот за мисија и визија во согласност со коментарите од работната група
- Подготовка на Стратешка рамка на организацијата 2017-2020
- Презентација на предлогот/концептот за мисија и визија изработена во Активност 01 пред работната група за изработка на Стратешки план 2017-2020
- Изработка на методологија и план за подготвување на Стратешката рамка 2017-2020
- Фасилитирање на тридневна работилница за конституентите на организацијата (членови, вработени, корисници на услуги, партнери) за подготовка на Стратешки план 2017-2020
- Подготовка на Стратешки план 2017-2020 (презентиран пред организацијата, ревидиран врз основа на фидбек, подготовка на конечна верзија за усвојување)
- Подготовка на насоки за одржливост на работата на организацијата по 2017 година врз основа на веќе изработено претходно истражување и проценка за одржливост, и во согласност со спроведените истражувања од страна на консултантот
ВРЕМЕНСКА РАМКА:
01 За активноста под број 01:
Ангажманот е очекувано да трае 15 консултантски денови, за периодот март – мај 2017 година
02 За активноста под број 02:
Ангажманот е очекувано да трае 9 работни денови, за периодот март – јуни (за насоките за одржливост, 5 дена) и септември – октомври 2017 (за Стратешки план, 4 дена)
ПРОФИЛ И КВАЛИФИКАЦИИ НА КОНСУЛТАНТОТ:
Бараме лице/тим/правно лице чија главна одговорност ќе биде спроведување на истражување за потребите и ставовите на конституентите и подготовка на нова мисија и визија и Стратешки план 2017-2020. Консултантот треба да има знаење и искуство за и во спроведувањето на овој тип на активности, со веќе докажано искуство и продукти.
Консултантот/физичкото лице(а) номинирано(и) од правното лице треба да ги исполнува(ат) следните услови:
- 5 годишно искуство како методолог и како главен истражувач во квантитативни и квалитативни истражувања
- 5 годишно искуство како фасилитатор во водење на процес на подготвување стратешки план и подготвување на стратешки план
- 5 годишна експертиза и искуство во стратешко планирање, за што ќе треба да достави доказ/портфолио
- Да има темелно познавање на граѓанскиот сектор во РМ
Да има темелно познавање на човековите права, сексуалното и репродуктивно здравје и права, правата и потребите на лицата од маргинализираните групи
- Способности за планирање и организација
- Течно говорење и пишување на македонскиот и англискиот јазик
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
- Државјанство на Република Македонија
АПЛИКАЦИЈА:
На повикот може да се пријават физички или правни лица, како индивидуи и/или како тим.
Заинтересираните лица, најдоцна до 27 февруари 2017 (крај на ден) потребно е да достават:
- професионална биографија со вклучени референци за активностите 01 и 02
- предлог на акционен план за сите активности од повикот
- Предлог методологија за: 1. спроведување на истражување и подготовка на мисија и визија и 2. за фасилитирање и изработка на Стратешки план 2017-2020 и акционен план за спроведување
- Предлог буџет за активностите 01 и 02, според бројот на консултантски денови предвидени во повикот
- Портфолио/листа на клиенти/организации за кои се спроведени истиот тип на активности
Документите со назнака Повик за консултант за истражување и стратегија може да ги доставите на следниот начин:
Електронски, на следната електронска адреса: konkurs@hera.org.mk
По пошта, на адреса: Х.Е.Р.А. ул. Дебарца 56/1-4, Скопје, со назнака (Повик за консултант за истражување и стратегија)
Лицата коишто аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, најдоцна 5 дена по затворањето на повикот.
Повикот во .pdf верзија може да го симнете на овој линк.