ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување за потребите на проектот „Зајакнување на Ромките преку основање на социјално претпријатие“, поддржан од Европската комисија во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 „Социјална инклузија и вработување на локално ниво“ од Инструментот за пред-пристапна помош, објавува конкурс за ангажирање на 3 работни позиции.
1.Асистент/ка на проект
1.1 Опис на работната позиција, задачи и услови:
Асистентката/от ќе ги координира административните и логистичките аспекти во имплементацијата на проектот. Асистентот/ката ќе биде одговорен/на за развој и спроведувањето на активности од комуникациска и маркетинг стратегија која ќе се однесува на зголемување на свеста на здруженијата на граѓани за можностите за вработување на Ромки во социјални претпријатија и за промоција на социјалното претпријатие пред клиентите. Дополнително, ќе подготвува извештаи и ќе обезбедува средства за верификација од спроведувањето на активностите.
Работниот ангажман е во период од 12 месеци, со осумчасовно работно време и 20 денови за одмор. Предвидената плата во БРУТО износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 700 евра во денарска противвредност.
1.2 Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
– Диплома за завршено високо образование од општествените науки
– Најмалку три годишно работно искуство во остварување на проекти
– Едногодишно работно искуство во раководење на проект поддржан од Европската комисија (нема да се земат предвид консултантски позиции)
– Искуство во соработка со медиуми и организирање на промотивни активности
– Напредно користење на социјални медиуми за маркетинг промоција
– Изградени вештини за информатичка технологија
– Одлични познавања на македонски и англиски јазик
– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
– Државјанство на Република Македонија.
1.3 За предност ќе се смета:
– Работно искуство во невладиниот сектор
– Работно искуство во проекти за унапредување на можностите за ромската заедница во Македонија
– Обуки од областа на социјална инклузија и вработување
2.Социјален претприемач/ка
2.1.Опис на работната позиција, задачи и услови:
Социјалниот претприемач/ка ќе биде одговорен/а за основање и работа на социјално претпријатие за палијативна грижа. Тој/таа ќе ги координира активностите за подготовка, развивањето и усвојувањето на бизнис план, го фасцилитира и помага развивањето на бизнис планови за граѓанските здруженија, регрутирањето на вработени кои ќе се вклучат во специјализирани обуки и ќе треба да бидат подготвени професионлано да даваат услуги во палијативна грижа за стари лица, комуникација со клиенти, изработка на понуди, дирекна продажба на услуги до крајните корисници, раководење и остварување на одржливост на претпријатието.
Работниот ангажман е во период од 12 месеци, со осумчасовно работно време и 20 денови за одмор. Предвидената плата во БРУТО износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 600 евра во денарска противвредност.
2.2 Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
– Универзитетска диплома по бизнис администрација или економија
– Најмалку 2 години искуство во мало претпријатие за продажба или дистрибуција на продукти
– Одлични познавања на македонски и англиски јазик
– Изградени вештини за информатичка технологија
– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
– Самоиницијативност
– Државјанство на Република Македонија
2.3 За предност ќе се смета:
– Сензибилизираност за работа со социјално загрозени групи на граѓани
– Искуство во социјално претпријатие
– Обуки за социјално претприемништво
3.Финансиски асистент/ка
3.1.Опис на работната позиција, задачи и услови:
Финансискиот асистент/ка ќе биде одговорен/а за водење на финансиските и административните аспекти на проектот. Тоа ќе вклучува водење на тековната финансиска состојба, подготовка на налози за исплата и договори, подготовка на финансиски извештаи, подготовка на тендери за набавка на материјали и услуги, според воспоставените правила за финансиско и административно работење на проектот.
Работниот ангажман е во период од 12 месеци, со осумчасовно работно време и 20 денови за одмор. Предвидената плата во БРУТО износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 600 евра во денарска противвредност.
3.2 Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
– Диплома за завршено високо образование
– Најмалку 2 години искуство во финансиско и административно раководење на проекти поддржани од Европската комисија
– Одлични познавања на македонски и англиски јазик
– Изградени вештини за информатичка технологија
– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
– Државјанство на Република Македонија
3.3 За предност ќе се смета:
– Сензибилизираност за работа со социјално загрозени групи на граѓани
– Обуки за социјално претприемништво
Најдоцна до 18 декември 2016 година заинтересираните кандидати треба да достават:
– детална биографија
– писмо за мотивација
-За позиција 1: Асистент/ка на проект потврда/препорака од претходен работодавач за едногодишно работно искуство во раководење на проект поддржан од Европската комисија
-За позиција 2: Социјален претприемач/ка потврда/препорака од претходен работодавач за двегодишно искуство во мало претпријатие за продажба или дистрибуција на продукти
-За позиција 3: Финансиски асистент/ка потврда/препорака од претходен работодавач за двегодишно искуство во финансиско и административно раководење на проекти поддржани од Европската комисија
Кандидатите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e–mail адреса.
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.
Апликациите можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk предмет на пораката (позиција за која аплицирате)
По пошта: Х.Е.Р.А. ул. Дебарца 56/1-4, Скопје, со назнака (позиција за која аплцирате)