ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува јавен оглас за вработување на административен/-на асистент/–ка во Скопје, на определено време од една година, со можност за продолжување на договорот.
Опис на ангажманот:
Административниот/-ната асистент/-ка го помага финансиското и административното работење на организацијата. Ова вклучува архивирање на документите, подготовка на налози за исплати и договори, поднесување на документи до институции, прием на клиенти, прием на телефонски разговори и нивно прераспределување, прием на пошта, средување на документација, како и други задачи поврзани со финансиско-административното работење на организацијата, во согласност со воспоставените внатрешни политики и регулативи.
- Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено средно образование
- Тригодишно работно искуство во администрација
- Одлични вештини за информатичка технологија
- Солидни познавања на англискиот јазик
- Изградени способности за тимска работа и комуникација
- Искуство во работа во динамична атмосфера и со кратки рокови
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
- Државјанство на Република Македонија
За предност ќе се смета:
- Искуство со администрација и финансии на проекти
- Сензибилизираност за работа со маргинализирани и ранливи групи на граѓани
- Возачка дозвола: Б категорија
Основната бруто плата е 41.000 денари. Работното време е 40 часа во работната недела.
Најдоцна до 31 октомври 2022 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- детална биографија на македонски јазик,
- писмо за мотивација на македонски јазик до 300 зборови,
- потврда за завршено образование, и
- препорака од претходните работни ангажмани.
* Ве молиме во апликацијата да наведете и телефонски број и e-адреса за контакт.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот. Во зависност од изборот, организација може да спроведе и тестирање на најдобрите кандидати.
Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост нема да бидат разгледувани.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за административен/–на асистент/-ка можете да ги доставите електронски, на konkurs@hera.org.mk или по пошта на следната адреса: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје.