Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за вработување на определено време на асистент/ка на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање политики за сексуално и репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби”, поддржан од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).
Општи квалификации:
- Завршено високо образование во областа на општествените или медицинските науки
- Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик
- Одлично познавање на работа со компјутери (Microsoft office)
- Државјанство од Република Македонија
Искуство и вештини:
- Најмалку 1 година работно искуство на слична работна позиција
- Изградени вештини за административно и финансиско работење, организирање активности и подготовка на наративни и финансиски извештаи
- Изградени вештини за комуникација
- Ефективна организација на работното време, навремено исполнување на зададените задачи и самоиницијативност
- Изградени способности за тимска работа
Предност ќе имаат кандидат(к)ите со:
- Искуство во работа со социјално исклучени групи на граѓани
- Искуство во невладиниот сектор
Опис на работната позиција:
- Вработеното лице е вклучено во имплементација на активностите и иницијативите кои се однесуваат на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање политики за сексуално и репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби”;
- Вработеното лице е вклучено во административно и финансиско работење, техничко и логистичко организирање на активности, работни состаноци и обуки;
- Вработеното лице е вклучено во процесот на прибирање податоци и известува во однос на поставените индикатори и финансиската рамка во координација со координаторката на проектот.
Работниот ангажман е во период од 10 месеци со скратено работно време од 30 работни часови со вклучени придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Предвидената плата во БРУТО износ е 550 долари според курсот предвиден од проектот (27.249,00 денари за првото тромесечие од годината).
Најдоцна до 27 февруари 2018 година (понеделник) заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- Биографија на македонски јазик (во која јасно го наведуваат претходното искуство според пропозициите/условите на конкурсот)
- Писмо за мотивација
- Една препорака од претходен работодавач
Ќе се разгледуваат пријавите само од оние кандидат(к)и кои ќе ги достават сите барани документи. Оние кои ќе ги обезбедат доказите според зададените критериуми, ќе влезат во потесен избор и ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон и е-пошта за контакт.
Сите пријавени кандидат(к)и ќе бидат известени за резултатите, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворањето на конкурсот.
Х.Е.Р.А. гарантира дека при изборот, сите кандидат(к)и ќе имаат еднакви услови без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Документите со назнака Конкурс за проектен/на асистент/ка можете да ги доставите електронски на konkurs@hera.org.mk или по пошта на: Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, Скопје (со назнака Конкурс за проектен/на асистент/ка)