Република Македонија е земја со ниска стапка на ХИВ што во голема мера се должи на Програмите за превенција на ХИВ за клучните популации, поддржани Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, кои се дел од националната програма за ХИВ во периодот 2003 – 2017 година.
Благодарение на поддршката од Глобалниот фонд, се разви партнерство меѓу Министерството за здравство и 15 граѓански организации, што е од клучна важност за успешното контролирање на ХИВ-епидемијата во земјата. Овој документ дава краток преглед на превентивните програми за ХИВ до 2017 година, како и на обврските и предизвиците за национално финансирање со цел да се обезбеди нивна одржливост и натаму.
Документот е достапен на македонски јазик.