Публикацијата „Превентивните здравствени програми под лупа – како до подобри резултати?“ нуди сеопфатна анализа на спроведувањето на четири клучни национални превентивни програми: скринингот за рак на грлото на матката, програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата, програмата за заштита од ХИВ-инфекција и програмата за партиципација при користење на здравствена заштита. Преку анализа на планирањето, буџетирањето и реализацијата на програмите, публикацијата ги идентификува главните предизвици во нивната ефикасност, опфат и транспарентност.
Посебен акцент е ставен на реалниот пристап до превентивните услуги, искуствата на граѓаните и влијанието врз ранливите групи, вклучително и ромската заедница. Публикацијата содржи конкретни наоди и јасни препораки за унапредување на превенцијата како основа на јавното здравје, со цел подобра искористеност на јавните средства и подобри здравствени исходи за граѓаните.
Публикацијата е резултат на заедничка работа на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни и Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари. Таа е изработена во рамки на проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“ со поддршка од програмата Цивика мобилитас финансирана од Владата на Швајцарија.
Публикацијата е достапна на македонски јазик.
