- За организацијата
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување е граѓанска организација која повеќе од две децении работи на унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и права, превенција на ХИВ и поддршка на ранливи заедници во Северна Македонија.
Во рамки на тековните програми и проекти, ХЕРА планира да развие мобилна апликација која ќе обезбеди пристап до проверени информации и здравствени услуги поврзани со ХИВ и сексуално и репродуктивно здравје, со посебен фокус на мигранти, мобилни популации, млади лица и други групи кои имаат ограничен пристап до здравствени информации и услуги.
- Цел на повикот
Целта на овој повик е избор на физичко или правно лице со релевантно искуство во развој на мобилна апликација, кој ќе ја развие планираната апликација во согласност со функционалните и техничките барања наведени во повикот.
Апликацијата треба да овозможи:
- пристап до веродостојни информации за ХИВ и сексуално и репродуктивно здравје;
- пристап до здравствени услуги и програми за превенција;
- интерактивна мапа на достапни услуги;
- можност за нарачка на ХИВ тест за самотестирање;
- можност за онлајн советување и телемедицина.
Деталниот опис на функционалностите на апликацијата е даден во Прилог 1: Техничка спецификација и Скелет на мобилната апликација.
- Опфат на ангажманот
Избраното правно/ физичко лице ќе биде одговорно за:
- технички дизајн на апликацијата;
- UI/UX дизајн;
- развој на мобилна апликација (Android и iOS);
- развој на административен систем за управување со содржина (CMS);
- тестирање и оптимизација;
- подготовка за објавување на апликацијата на Google Play и Apple App Store;
- кратка обука за користење на CMS системот;
ХЕРА има идентификувано постоечко open-source дигитално решение (мобилна апликација и backend архитектура) кое може да послужи како техничка референтна основа при развојот на предложеното решение. Избраниот понудувач ќе има можност да ја процени применливоста на постојните open-source компоненти, архитектури и функционалности и, доколку е соодветно, да предложи нивна адаптација и интеграција во согласност со условите на лиценцирање.
- Кој може да аплицира
На повикот можат да аплицираат:
- ИТ компании
- софтверски студија
- тимови или поединци со докажано искуство во развој на мобилни апликации.
Предност ќе имаат апликанти кои имаат искуство во:
- развој на мобилни апликации за здравство;
- развој на платформи за телемедицина;
- работа со повеќејазични дигитални платформи.
- Документи кои треба да се достават
Заинтересираните понудувачи треба да достават:
- кратко портфолио и опис на претходно искуство;
- технички пристап за развој на апликацијата;
- временска рамка за реализација;
- финансиска понуда;
- контакт информации.
- Критериуми за избор
При изборот ќе се земат предвид:
- релевантно искуство
- квалитет на предложеното техничко решение
- скуство во адаптација и интеграција на open-source софтверски решенија
- временска рамка за реализација
- најефтина финансиска понуда.
- Начин и рок за аплицирање
Понудите треба да се достават електронски на следната адреса:
со назнака: Понуда за развој на мобилна апликација
Најдоцна до: 10.07.2026
Скелет на мобилната апликација
