„Ова е век на жените – нема да го оствариме нашиот целосен потенцијал доколку се продолжи да се попречува развојот на цела една половина од човечкиот род.“
Бан Ки-Мун, генерален секретар на ООН
Во оваа издание се осврнуваме на новата развојна агенда на Обединетите нации (2016–2030) и ви ги преставуваме глобалните приоритети за сексуалното и репродуктивно здравје како значаен сегмент во борбата за родова еднаквост и права на жените. Ве информираме и за препораките на Комитетот за човекови права при Обединетите нации упатени до Република Македонија за
подобрување на законската регулатива за прекинување на бременоста и загриженоста на членовите на Комитетот околу спроведувањето кампањи против абортусот. Зборуваме и за важноста од достапни специјализирани сервиси за жртви од семејно насилство и даваме осврт на причините за малиот опфат на деца во градинките во Македонија.
Билтенот е достапен на македонски и на албански јазик.