ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува барање за прибирање понуди од физички лица, консултантски куќи, здруженија на граѓани или фондации регистрирани согласно Законот за здруженијата на граѓани и фондации, за графички дизајн на електронски продукти за промоција и застапување.
Ангажманот е во рамките на проектот „Ромките застапуваат за еднакви можности за вработување“, поддржан од страна на Фондацијата Квина тил Квина.
Позадина (за проектот)
Вработувањето на социјално ранливите и исклучени граѓани сѐ уште претставува сериозен предизвик во Република Северна Македонија. Со невработеност, но и со потешкотии при барање на работа, се соочуваат речиси сите невработени лица особено оние најранливите: младите, долгорочно невработените лица, корисници на социјална помош, лица со низок степен на образование и др. Состојбата со Ромите особено Ромките, како долгорочно невработени лица, останува еден од најзагрижувачките фактори што го попречуваат нивното целосно вклучување во општеството.
Бројноста на ромската популација во Македонија е многу тешко да се утврди. Според Пописот во РМ од 2002 година, застапеноста на Ромите во вкупното население во РМ изнесува приближно 2,7% (53.879), со што Ромите се четвртата по големина етничка заедница (по Македонците, Албанците и Турците). Од друга страна, пресметките што Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ги наведува во регионалниот Извештај за Ромите од 2006 год. (Иванов и др. 2006) велат дека вистинскиот број е некаде помеѓу 220.000 и 260.000, што е над 10% од населението. Во секој случај, тука, како и во другите делови на регионот, стапките на сиромаштија и невработеност се значително повисоки кај Ромите од оние кај мнозинската заедница.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 957 623 лица, од кои вработени се 759 054, а 198 569 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56.9, стапката на вработеност 45.1, додека стапката на невработеност изнесува 20.7. Заклучно со 30.04.2019 година вкупниот број на невработени лица на територија на град Скопје изнесува 18.347 од кои 2.597 се од ромска националност, а од нив 1301 се жени Ромки.
Општа цел на проектот:
Да се зголеми учеството на жените Ромки на пазарот на трудот.
Специфични цели:
- Зголемена приоритизација на вработувањето на жени Ромки во националните политики и креирање ефективни мерки.
- Да се подобрат политиките на локалната самоуправа и мерките за вработување на жените Ромки на локално ниво.
Целна група на проектот:
Жени Ромки активистки; претставници од локална самоуправа; невладини организации кои работат на темите поврзани со женски прашања и инклузија на Роми, претставници од владини институции.
Влијание на проектот:
- Зголемен број на вработени Ромки на ниво на град Скопје.
- Зголемен број на Ромки кои користат активни мерки на Владата за вработување.
- Зголемени се националните фондови за активните мерки за вработување на Ромки.
- Националните политики за социјално претприемништво како концепт за намалување на невработеноста и сиромаштијата кај ромската заедница ги препознаваат Ромките како специфична целна група.
- Усвоени политики и мерки од страна на локалните власти кои обезбедуваат поддршка за вработување на ромски жени.
Пристап (за услугата)
Графичкиот дизајн на електронските продукти за застапување, што се предмет од ова барање, треба да го следи наративот на проектот, да обезбеди промоција на идејата за вклучување Ромки на пазарот на трудот и да ги поттикне локалните и национални донесувачи на одлука за креирање на родово сензитивни мерки. Потребно е графички да се дизајнираат:
- една е-брошура за промоција на активните мерки за вработување за Ромки.
- 5 електронски банери за социјални медиуми со повика за акција до Ромките во однос на нивно вклучување на пазарот на трудот.
Продуктите треба да ги одразат потребите на целната група и крајните корисници на проектот. Продуктите ќе претставува алатка која ќе се користи во текот на целиот проект и ќе се споделува за време на сите настани, тренинзи и промотивни денови.
Продуктите ќе се споделува по социјални медиуми и мрежи. Продуктите треба да пренесат порака, да е разбирлив, а да биде спој помеѓу социјалното претприемништво, граѓанскиот сектор и маргинализираните заедници.
Продуктите треба да бидат изработени во електронски формат соодветен за прикачување и споделување по социјални медиуми како и за електронска коресподенција.
Цел:
- Графичкиот дизајн на пет вида електронски банери за еднакви можности за вработување на Ромки и промоција на мерките за вработување на Ромки.
- Графичкиот дизајн на електронска брошура за промоција на мерките за вработување и активација на невработени Ромки.
При тоа, графичкиот дизајн и копирајтот, визуелно треба да ја акцентира потребата од:
- Да се прикаже хуманата димензија на социјалното претприемништво.
- Да е едноставен, разбирлив и да пренесе порака за вклучување на Ромките на пазарот на трудот.
Основни квалификации:
- Најмалку три години работно искуство во графички дизајн на материјали,
- Способност за креативно визуелизирање,
- Одлично владеење на програмите: Photoshop, illustrator, InDesign;
- Развиено чувство за илустрација,
- Подготвеност за тимска и индивидуална работа, подготвеност за работа на повеќе проекти истовремено, во кратки временски рокови;
- Одлично познавање на англиски јазик.
Временска рамка:
- 10 ноември – 25 ноември 2019 – првични верзии
- 26 ноември – 6 декември 2019 – финална верзија
Доставување на понуди најдоцна до 06.11.2019 година до 16:30 часот
Од економскиот оператор се очекува да достави најмалку три решенија во рок од 7 календарски денови од денот на потпишување на договорот од страна на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА.
Предвид ќе бидат земени само оние понуди од физички или правни лица кои ги исполнуваат условите и кои ќе испратат комплетна документација.
Начин на избор:
ХЕРА, во согласност со одредбите од договорот на проектот, ќе спроведе повик со прибирање на најмалку 3 (три) понуди.
Критериум за избор, покрај цената, е искуството во подготовка на графички дизајн на е-брошури и електронски банери (портфолио на организацијата и прилог на претходно изработени брошури и банери).
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од барањето за прибирање понуди за ангажирање на физичко или правно лице за графички дизајн на електронски продукти за промоција и застапување, по електронски пат, во рок од 5 дена по затворање на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката Понуда за ангажирање на физичко или правно лице за за графички дизајн електронски продукти за промоција и застапување можете да ги доставите на следниов начин:
- По електронска пошта: darko.crvenkovski@hera.org.mk
- По пошта: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување ул. Франклин Рузвелт 51а/26, Скопје, со назнака (Понуда за ангажирање на физичко или правно лице за графички дизајн на електронски продукти за промоција и застапување)
Нецелосни пријави и пријави пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани.