На крајот од 2016 година ХЕРА започна со нова програма за практиканти, која им е достапна на младите. Можноста да се биде практикант/ка во ХЕРА отвори нови насоки во кои младите можат да се развиваат и да градат искуство преку вклучување во секојдневните активности на организацијата.
Младите кои се заинтересирани да станат практиканти во ХЕРА треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Возраст од 18 – 25 години
- Во последните 2 години координирале или воделе одредена активност како волонтери или активисти
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик
- Изградени вештини за логистика
- Изградени вештини за информатичка технологија (Word, Excel, PowerPoint, WordPress, социјални медиуми)
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
Предност ќе имаат младите кои :
- Имаат поминато обука од областа на сексуалното и репродуктивно здравје и човековите права
- Поминале модул на сеопфатно сексуално образование
Практикантот/ката ќе биде одговорен/на да асистира и да стекнува искуство и знаења во имплементација на активности кои се однесуваат на младинската програма во ХЕРА. Практикантот/ката ќе волонтира на активности со цел зголемување на учеството на волонтерите во промоција на СРЗП и ССО како и зголемување на инволвираноста на волонтерите како едукатори за ССО. Практикантот/ката ќе подготвува редовни извештаи за спроведената работа пред координаторот на младинската програма.
Предвиденото време за волонтирање на практикантот/ката е секој работен ден од 08:30/9:30 до 12:30/13:30 или 12:30/13:30 – 16:30/17:30 часот. Вкупниот број на часови за волонтирање во неделата е 20 часа. Практикантот/ката добива нето месечен надоместок за трошоци за храна и превоз во износ од 4.654,00 денари.
Заинтересираните волонтер(к)и најдоцна до 31 октомври да испратат:
- кратка биографија во која ќе се наведат активностите кои ги имплементирале како волонтери или активисти, како и обуките кои ги поминале
- мотивациско писмо
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e–mail адреса.
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од конкурсот по електронски пат, во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за практикант“ можете да ги доставите по електронска пошта: konkurs@hera.org.mk