Туристичкиот водич „Откривајќи ја нејзината историја“ ги отвора перспективите на разбирање на културното наследство преку приказните, придонесите и творештвото поврзано со жените кои што оставиле значајно влијание врз општеството. Низ историјата, многу од овие приказни останале на маргините на официјалните наративи, иако нивното значење е суштинско за самите општествени, културни и политички процеси. Овој водич има за цел да ги направи видливи овие личности, места и настани, препознавајќи ги како составен дел од заедничкото културно наследство на овие простори.
Преку процес на истражување, учење и соработка, млади луѓе под менторство на експерти од Северна Македонија, Србија и Албанија работеа на мапирање и документирање на локации поврзани со женското движење, културното творештво и општествените промени. Овие локации се дел од минатото, но ги гледаме како живи простори на сеќавање, кои овозможуваат длабоко разбирање на улогата и значењето на жените во обликувањето на заедниците, и самото општество. На тој начин, преку младински-воден процес, младите ја истражуваа сопствената историја и критички пристапија кон доминантните историски наративи. Токму затоа, овој водич претставува туристички ресурс, но и образовна алатка за зачувување и промоција на феминистичкото културно наследство, и кон развој на поинклузивно и родово-сензитивно разбирање на историјата.
Водичот е развиен во рамки на проектот „Откривајќи ја нејзината историја: Зајакнување на младите и зачувување на феминистичкото наследство“, имплементиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Центар за популациски политики и одржлив развој – IPPF Србија и ACPD Албанија, со поддршка од Европската Асоцијација за локална демократија (ALDA), во рамки на BOOST програмата. Проектот има за цел да ги зајакне младите како активни истражувачи и промотори на културното наследство, придонесувајќи кон поголема видливост на женските приказни и нивното место во јавниот и културниот простор.
Водичот е достапен на англиски јазик на следниот линк
Делот за Скопје на македонски јазик
Делот за Белград на српски јазик
Делот за Тирана на албански јазик
На следниот линк можете да ја слушнете и аудио верзијата од Водичот

