Со особено задоволство ја претставуваме новата публикација – историската читанка „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век“, подготвена од тим автор(к)и со поддршка на ХЕРА и Тиииит! Инк.
Оваа читанка претставува значаен педагошки и истражувачки материјал кој има за цел да го надополни недостигот од женски перспективи во историските наративи и да понуди поинклузивен пристап кон изучувањето на минатото. Таа ги отвора прашањата за улогата, искуствата и придонесите на жените во клучните општествени, политички, економски и културни процеси во Македонија, во периодот од крајот на Османлиската империја до создавањето на современата македонска држава .
Публикацијата е наменета пред сè за средношколци и наставен кадар, но и за сите кои се заинтересирани за историјата на жените, родовата еднаквост и критичкото разбирање на историските процеси. Преку тематски целини, историски извори, сведоштва и практични задачи, читанката поттикнува критичко размислување и нуди нови перспективи за разбирање на минатото .
Со ова издание, автор(к)ите и издавачите придонесуваат кон видливост на женските приказни, кои долго време биле маргинализирани или исклучени од официјалната историја, со цел да се изгради порамноправно и поинклузивно општество.
Публикацијата е достапна на македонски јазик на следниот линк.
