Стратешка цел: да се обезбеди гаранција за целосно почитување на правото на жената за слободен избор за прекин на бременоста, достапност до услугите за безбеден и легален абортус и зголемена стапка на употреба на контрацепција
Тековни активности:
- Застапување и градење на капацитети на здравствените институции и организации за воведување на медикаментозниот абортус во рамки на гинеколошко-акушерските болници како алтернатива на хирушката интервенција со што ќе се подобри подеднакво и квалитетот и изборот на услугата за безбеден абортус.
- Пилотирање на услуга на медикаментозниот абортус во соработка со Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и професионалното здружение на гинеколози и обстетричари
- Проактивно делување за почитување на правата на жените за донесување слободни одлуки за планирање на родителството, вклучително и правото на избор за прекин на бременоста, како одговор на анти-абортус активностите за негирање на правото на избор
Резултати:
- Спроведено прво истражување за знаењата, ставовите и практиките на гинеколозите во однос на медикаментозниот абортус со која подобро е опишана состојбата, можностите и предизвиците за негово воведување во медицинската пракса.
- 12 гинеколози-специјалисти од 4 болници низ Македонија поминаа обука за медицинските аспекти за медикаментозен абортус фасцилитирана од страна на предавач од Каролинска Универзитетот од Шведска
- Во февруари 2009 година обединета платформа од 41 граѓанска организација, кои се залагаат за правото на избор за абортус ја потпишуваат Декларацијата “Абортусот е право на избор и репродуктивно право на секоја жена“ со која бараат гарантирање на правото за сексуален и репродуктивен избор, подобрување на пристапот на услуги за безбеден абортус, заштита на достоинството на жената од јавно насилство, подостапна контрацепција и подобар пристап до информации и услуги за младите од областа на сексуалното и репродуктивно здравје
Партнери:
- Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство
- Здружение на гинеколози и обстетричари на Македонија
- Concept Foundation
- Меѓународна Федерација за Планирано Родителство
Одговорно лице: Бојан Јовановски