Бојан Јовановски

Бојан Јовановски

Бојан Јовановски

Бојан Јовановски е Извршен Директор на Х.Е.Р.А. од 2007 година. Дипломски студии завршува на Природно-математичкиот факултет на отсекот аналитичко-структурна хемија.

Во граѓанскиот сектор се вклучува уште во 1999 година како младински волонтер во Прва Детска Амбасада „Меѓаши“, а од 2001 година е член на Х.Е.Р.А. чии почетоци на работа се поврзани со активности за ХИВ превенција и едукација. Од 2005 година активно работи на истражувања, застапување и креирање на политики за унапредување на сексуланите и репродуктивните права, особено во сферата на младинските пријателски сервиси, пристап до контрацепција, семејно планирање и безбеден абортус. Учествува во повеќе државни комисии од интерес за ХИВ и сексуалното здравје, вклучувајќи ги Нациналната меѓуресорска комисија за ХИВ и националното работно тело за сексуално и репродуктивно здравје.