- Позадина
Младите честопати не располагаат со доволно разбирливи и практични информации за препознавање на насилството, поставување лични граници, почитување на туѓите граници, градење здрави односи и безбедно барање помош. Истовремено, стравот од осуда, стигматизација или дополнителна виктимизација може да ги спречи да разговараат со родители, наставници, стручни служби или институции.
Потребен е позитивен комуникациски пристап што нема да ги прикажува младите само како потенцијални жртви или сторители, туку како активни носители на промени, способни да градат односи засновани врз почитување, емпатија, еднаквост, лична автономија, одговорност и ненасилна комуникација.
Во таа насока, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување планира да ангажира компанија за осмислување и реализација на позитивна јавна кампања насочена кон превенција и заштита од булинг и насилство меѓу младите, промоција на менталното здравје, здравите односи и културата на навремено барање поддршка.
- Опис на активноста
Општата цел на ангажманот е да се развие и реализира современа, позитивна и младински ориентирана кампања што ќе придонесе кон:
- Да се зголеми знаењето на младите и родителите за различните форми на булинг, врсничко, психолошко, физичко, родово засновано и дигитално насилство.
- Да промовира односи засновани врз почитување, комуникација, емпатија, еднаквост, доверба и почитување на различностите.
- Да ги вклучи родителите, наставниците и другите професионалци како сојузници во препознавањето, превенцијата и едукацијата на овие теми.
- Критериуми
Заинтересираните компании треба да ги исполнуваат следниве основни критериуми:
- Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 2 години.
- Спроведени најмалку пет креативни проекти и реализација на позитивни кампањи;
- Докажано портфолио во изработка на исти/слични продукти и кампањи.
- Задачи
- Да соработува и да ги следи насоките за изработка и спроведување на кампањата од лицето назначено од ХЕРА
- Да изработи маркетинг план и визуелен идентитет на кампањата во согласност со насоките од програмскиот тим
- Да презентира маркетинг план и визуелен идентитет на кампањата пред нарачателот и да го модифицира во согласност со дадените насоки од тимот
- Да спроведе кампања во времетраење од 4 месеци.
- Да изработи извештај за постигнатите резултати и да го достави до ХЕРА.
- Временска рамка
Работата на оваа активност се очекува да биде спроведена во период септември-декември 2026 година.
- Потребна документација за аплицирање
При аплицирањето, заинтересираните компании треба да достават:
- Краток опис на компанијата
- Портфолио со сработени кампањи за дигитални медиуми со посебен осврт на теми поврзани со млади
- Биографија од најмалку едно лице со искуство во изработка и спроведување на кампањи, односи со јавност, маркетинг и работа на социјални медиуми, кое би било ангажирано на активноста
- Предлог концепт за медиумска кампања
- Тековна состојба не постара од 6 месеци
- Финансиска понуда по ставки
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
Предвид ќе бидат земени само оние понуди од правни лица кои ги исполнуваат условите и кои ќе испратат комплетна документација.
- Евалуација на понудите:
Договор ќе биде склучен со онаа компанија со најдобар сооднос квалитет на понуда и цена.
Пријавување
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на e-mail: konkurs@hera.org.mk најдоцна до 04 Август 2026 г. 16:00 часот, со назнака/предмет на пораката Понуда за ангажирање на правно лице за креирање и спроведување на позитивна кампања. Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
