ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Меѓународната федерација за планирано родителство (МФПР), објавува повик за ангажирање на консултант/ка, консултантски тим или домашен правен субјект за спроведување на евалуација на Стратегиска рамка 2023 -2028 и развој на нова Стратегиска рамка за периодот 2027-2031 година.
- За активноста
Позадина
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување е најголемата граѓанска организација која работи во областа на сексуалното и репродуктивното здравје, права и правда (СРЗПП) во Северна Македонија. ХЕРА обезбедува директни здравствени и социјални услуги за млади и маргинализирани групи преку своите стационарни и мобилни сервиси, со фокус на родово базираното насилство (РБН), менталното здравје и сексуалното и репродуктивното здравје. Во текот на своето 25-годишно постоење, ХЕРА придонесе кон застапувањето и техничкиот развој на повеќе од 50 политики во областа на здравството, социјалната заштита, образованието, особено поврзани со сексуалните и репродуктивните права, антидискриминацијата, човековите права и превенцијата и заштитата од насилство. Преку својата директна работа со младите, ХЕРА инвестира во и придонесува кон унапредување на родовата еднаквост, демократијата и прогресивните вредности. Од 2009 година, ХЕРА е полноправна членка на Меѓународната федерација за планирано родителство (МФПР).
Општа цел на активноста:
Да се оцени реализацијата на тековната Стратегиската рамка (2023-2028) и да се подготви нова Стратегиска рамка 2027 – 2031 година.
- Предмет на договорот за набавка
Предметот на договорот за набавка не е делив и за него ќе биде склучен договор за набавка / договор за консултантски услуги.
Предметот на договорот за набавка вклучува:
- Подготовка на методологија за евалуација на досегашна реализација на Стратегиска рамка (2023-2028);
- Подготовка на методологија и фасилитирање на консултативна средба за развој на нова Стратегиска рамка (2027-2031);
- Изработка на финален документ од Стратегиска рамка 2027 – 2031 година.
Продукти:
- Извештај од евалуација на Стратегиска рамка 2023 – 2028 година;
- Извештај од реализирана консултативна средба за развој на нацрт Стратегиска рамка 2027 – 2031 година;
- Изработена Стратегиска рамка 2027 – 2031 година.
- Критериуми за учество и утврдување способност на понудувачите
Право да достават понуда имаат заинтересирани физички лица (консултанти/ки), консултантски тимови и домашни правни субјекти кои поседуваат релевантно искуство и експертиза во областа на стратешкото планирање, организацискиот развој, евалуацијата и изработката на стратешки документи.
- Место на изведување на активноста
Ангажманот и сите обврски што произлегуваат од него ќе се спроведуваат надвор од канцелариите на ХЕРА.
- Начин на плаќање
Плаќањето ќе се изврши по целосната реализација на обврските што произлегуваат од предметот на договорот за набавка.
- Краен рок за спроведување на активноста
Оваа активност треба да биде целосно реализирана до 30 ноември 2026 година.
7. Изготвување и поднесување на понудите
7.1. Најдоцна до 5 јули 2026 сите заинтересирани понудувачи треба да обезбедат и достават:
- Кратка биографија (портфолио) со листа на клиенти/организации за кои се спроведени ист/сличен тип на активности и листа на стратегиски или други консултански документи;
- Предлог методологија за евалуација на тековна стратегиска рамка и подготовка на нова стратегиска рамка;
- Финансиска понуда;
- Тековна состојба од правниот субјект.
7.2. Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо.
- Начин на избор
8.1. При изборот ќе се земат предвид следниве критериуми:
- Работно искуство во областа настратешко планирање, со фокус на родова еднаквост, социјалната инклузија и/или човековите права (најмалку 3 година) – 15 поени;
- Предлог методолгоија за евалуација на тековна и развој на нова стратегиска рамка – 25 поени;
- Финансиска понуда – 60 поени.
8.2. Документите со назнака/предмет на пораката Понуда за евалуација на Стратегиска рамка 2023 -2028 и развој на нова Стратегиска рамка 2027-2031 може да ги доставите електронски на konkurs@hera.org.mk. Нецелосните пријави и пријавите пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани.
8.3. Сите понудувачи ќе бидат известени за резултатите од објавениот повик за прибирање понуди по електронски пат, најдоцна 10 дена по затворањето на конкурсот.
