Во рамките на проектот „Одржување на ниска преваленца на ХИВ – одржлив развој во Република Македонија“ којшто е поддржан од страна на Министерство за здравство и донацијата на Глобалниот фонд за ХИВ, туберкулоза и маларија, денес беше претставена првата мобилна гинеколошка амбуланта. Се мобилната амбуланта ќе раководи ХЕРА и истата ќе се спроведува во партнерство со локални здруженија на граѓани и здравствени институции во различните региони низ земјата.
Со цел проширувањена мрежата на услугите за сексуално и репродуктивно здравје, преку мобилната гинеколошка амбуланта е планирано да се нудат бесплатни гинеколошки услуги, вклучително и бесплатни ПАП тестови, ехо прегледи како и услуги за превенција, дијагностика и третман на сексуално преносливи инфекции, контрацепција и дистрибуција на кондоми, лубриканти и едукативен материјал од областа на сексуално ирепродуктивното здравје. Сите услуги кои ќе се нудат се бесплатни и доверливи,и за нивно користење нема да бидат потребни сини картони, здравствена легитамација или било каков документ за лична идентификација.
Целта на оваа активност е да се подобри пристапноста и квалитетот на услугите од областа на сексуалното и репродуктивното здравје помеѓу жените од руралните средини кои имаат ограничен или воопшто немаат пристап до сервисите за СРЗ во локалнит ездравствени установи, како и помеѓу тешко достапните и вулнерабилнит епопулации.
Мобилната гинеколошка амбуланта беше претставена од Министерот за здравство Тодоров, Извршниот директор на ХЕРА, Јованоски и директорката на Универзитетска клиниката за гинекологија, Хаџи – Лега.