Продолжување на конкурсот за вработување на правен советник
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на правен советник.
1.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
– Диплома од правен факултет
– Положен правосуден испит
– Најмалку двегодишно работно искуство нудење на правна помош на ранливи групи граѓани
– Познавање на националните механизмите за заштита на човекови права и заштита од дискриминација
– Изградени вештини за информатичка технологија (Microsoft Office)
– Одлични познавања на македонски и англиски јазик
– Самоиницијативност
– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
– Државјанство на Република Македонија.
За предност ќе се смета:
– Работно искуство во невладиниот сектор
– Работно искуство во обезбедување на правна помош на Роми и Ромки
– Познавање и користење на меѓународните механизми за човекови права.
2.Опис на работната позиција:
Вработената или вработениот ќе биде одговорна/ен за документирање на случаи на прекршување на човекови права (здравствени права, социјални, репродуктивни права) и дискриминација на претставници на Ромската заедница во Шуто Оризари. Дополнително ќе изготвува и проследува правни акти до соодветните институции.
Работниот ангажман е до 31 декември 2016 година, со осумчасовно работно време и 20 денови за одмор. Предвидената плата во НЕТО износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 23 700 денари.
Најдоцна до 10 Јануари 2016 година заинтересираните кандидати треба да достават:
– детална биографија
– писмо за мотивација
– копија од уверение за положен правосуден испит
– една препорака од претходните работни места кои потврдуваат искуство во обезбедување на правна помош на ранливи групи граѓани
Кандидатите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e–mail адреса.
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за правен советник можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
По пошта: Х.Е.Р.А. ул. Дебарца 56/1-4, Скопје, со назнака (оглас за правен советник)