Пред вас е петтото издание на Билтенот за ромски здравствени медијатори. Како и во претходните изданија, и во ова ви ја претставуваме работата на ромските здравствени медијатори (РЗМ) во 2015 година. Со ова издание вниманието го насочивме кон услугите што ромските здравствени медијатори им ги нудат на Ромките во насока на унапредување на нивното сексуално и репродуктивно здравје.
На страниците пред вас, пренесувајќи го гласот на медијаторите и на жените што добиле услуга од нив, ќе се обидеме, барем во еден дел, да доловиме во која мера овој здравствен профил помага во унапредување на здравјето и на здравствените права на Ромите.
Изданието е достапно на македонски и англиски јазик.
Година на издавање: 2015