Стратешка цел: Сите луѓе, особено младите и вулнерабилните групи, имаат пристап до достапни, сеопфатни и квалитетни информации, едукација и услуги за сексуалното и репродуктивно здравје, вклучувајќи ги и сервисите за планирање на семејството, засновани на концептот на сексуалните и репродуктивните права
Тековни активности:
- Нудење на бесплатни и доверливи услуги за сексуално и репродуктивно здравје преку Младинските центри „Сакам да знам“ , особено за маргинализираните заедници и лицата во социјален ризик
- Проширување на бесплатните и доверливи сервиси во руралните средини преку воведување на мобилна гинеколошка ординација
- Поддршка во имплементација на програмата Ромски здравствени медијатори
- Бесплатна правна помош за остварување на сексуалните и репродуткивните права
- Поддршка од социјален работник за остварување на правата од оваа областа
- Воспоставување на локална мрежа за справување со семејното насислтво во општина Струмица
- Учество во подтовката на Националниот извештај за сиромаштија на Република Макеоднија
- Обука на социјални работилници за прашањата поврзани со туберкулоза
- Развој на програма за сексуност и лица со попреченост во соработка со дневните центри низ земјата
Резултати:
- 20.000 клиенти ги посетиле двата Младински центри „Сакам да знам“ за 7 години
- Х.Е.Р.А. е претседавач на Македонската платформа против сиромаштија
- Во соработка со Филозофскиот факултет во Скопје се дополнети програмите со аспектите на сексуалност на родовите студии и на студиите за социјални работи и дефектологија
- Отворен првиот шелтер центар за жртви на семејно насилство во оштина Струмица
- Член на групата за подготовка на Националната стратегија за семејно насилство
- Член на Управен одбор на мрежата „Глас против насилство“
Партнери:
- УНИФЕМ
- УНФПА
- Порака
- УНИЦЕФ
- УНДП
- Меѓународна федерација за планирано родителство
- ФООМ
- Министерство за труд и социјална политика
- Министертсво за здравство
- СТАР СТАР
- ЕГАЛ
- Доверба
- Организација на жени на град Струмица
- СОС детско село
- Амбрела
- Ромски ресурсен центар-РРЦ
- Здружение за правата на детето
Одговорно лице:
- Мила Царовска