ХЕРА- Асоцијација за здравствена едукација и истражување спроведува недела на сексуално и репродуктивно здравје и права на лицата со попреченост.
Програмата можете да ја преземете тука [.pdf]
Оваа недела започнува со изложба на фотографии од инцијативата „Девојките одлучуваат“ (‘Girls Decide’), финансирана од Меѓународната федерација за планирано родителство (МФПР, IPPF) која ќе се одржи на 17 март 2014 година, со почеток во 12.30 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“ (Дом на градежници, ул. „Вељко Влаховиќ“ бр. 20а).
Поканата можете да ја преземете тука [.pdf]
ХЕРА веќе неколку години спроведува едукации и советувања со лица со попреченост, како и со нивните семејства. Исто така во Младинските пријателски центри „Сакам да знам” (ХЕРА), се обезбедува пристап до бесплатни гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи и советувања. Во 2012 година, како дел од иницијативата „Девојките одлучуваат“ МФПР и весникот „Гардијан“, во неколку земји во светот, подготвија фото – стории замаргинализираните и ранливите девојчиња и жени и како организациите им овозможуваат да го унапредат своето сексуално и репродуктивно здравје, преку пристап до релевантни информации и услуги. Фотографиите на Греам Робертсон ги прикажуваат културолошките, социјалните, политичките и економските услови во кои живеат маргинализираните девојки. Со нив се истакнуваат приказните и гласовите на жените и девојчињата чиишто права на здравје и еднаквост, инаку би биле оспорени.
Сторијата во Македонија, подготвена од Рејчел Вилијамс, со поддршка на ХЕРА и заедно со Дневениот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака“- Скопје и Државниот дневен центар за лица со попреченост од Гостивар, се однесува на „Надминување на табуата во врска со сексуалноста на младите со интелектуална попреченост во Македонија”.
__________________________
Агенда
Изложба „Девојките одлучуваат“
12:00- 12.30 Прес конференција
12:30- 13:00 Отворање на изложбата
13:00-14:00- Мини коктел
————————–
Во рамките на оваа недела, исто така, во соработка со здружението на граѓани „Трисомија 21“-Скопје ќе бидат организирани едукативни работилници, гинеколошки и дермато- венеролошки прегледи во младинскиот центар „Сакам да знам“-Водно.
Услугите во овој центар се бесплатни, доверливи, доброволни и анонимни и истите можат да се закажат на (02)3176- 950, секој работен ден од 11 до 17 часот.
Активностите во оваа недела ќе бидат заокружени со одржување на трибина за родители на тема „Светски ден на лицата со Даунов синдром: Пристап до здравствени услуги и информации за сексуално и репродуктивно здравје“, на 21 март 2014 година, со почеток во 17:00 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“ (Дом на градежници, ул. „Вељко Влаховиќ“ бр. 20а).