На Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 декември, слушнете што е она што им е потребно и останатите 364 дена од годината.
Предизвиците со кои се соочуваат, потребите кои ги имаат, информациите кои им требаат, нештата кои мора да се променат – лицата со попреченост во прво лице и од сопствено искуство зборуваат за потребата од информации, пристап и услуги за сексуално и репродуктивно здравје.
Видеото е дел од заложбите на Платформата за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје на лицата со попреченост за промоција и подобрување на правата на лицата со попреченост.
Платформата за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје на лицата со попреченост е составена од организациите РЦПЛИП Порака, Мобилноста Предизвик, Полио плус, СОЛЕМ, Светот на дланка, Мобилност, Здружение на студенти и младинци со хендикеп, Порака Наша, Нова искра и Х.Е.Р.А.