Стратешка цел: Сите адолесценти и млади се свесни за нивните сексуални и репродуктивни права што им овозможува да донесуваат слободни и информирани одлуки и активно остварување на овие права.
Тековни активности:
- Спроведување за врснички едукации за сексуално и репродуктивно здравје и права низ целата земја, со ученици во основно и средно училиште, студенти, млади од социјални институции и други маргинализирани групи
- Организирање на промотивни настани и одбележување на меѓународни денови (Ден на млади, Меѓународен ден на контрацепција, Светски ден на сида и др.)
- Радио емисија „Сексии маало“
- Спроведувањ на кампањи за зголемување на свеста за употреба на орална хормонска контрацепција помеѓу млади
- Спроведување на работилници и промотивни настани за превенција од туберкулоза со млади од рурални средини
- Зајакнување на капацитетите на волонтерите од младинската група
- Подготовка и дистрибуција на едуактивни материјали за млади
- „Република млади“ – платформа за одбрана на младинското учество
Резултати:
- На годишно ниво се вклучени над 1000 млади со работилници сексуално и репродуктивно здравје и права, а со туберкулоза над 800 млади
- Учество во изработката на националниот извештај во сенка за права на децата во Македонија
- Проектот „Мој избор, моја одлука“ во 2011 година доби награда од Светскиот самит за младинска награда, како проект кој придонесува кон развој на Милениумките развојни цели
- Преку активностите на „Република млади“ се влијаеше предлог законто за млади, кој беше подготвен со отуство во консулатации на младите да биде повлечен од страна на предлагачот
Партнери:
- Радио МОФ
- Младински образовен форум
- СОС Детско село
- Младите можат
- УНФПА
- Y-PEER
- YSAFE
- ASTRA Youth
- МФПР
Одговорно лице: Јована Ананиевска