ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на административен координатор за потребите на Секретаријатот на Националниот координативен механизам. Националниот координативен механизам (НКМ), е мултисекторско тело основано во 2003 година со цел да ги координира активностите на национално ниво финансирани од Глобалниот фонд за ХИВ, туберкулоза и маларија и да овозможи партиципативно донесување на одлуки. НКМ вклучува претставници од владиниот и невладиниот сектор, како и донаторските агенции.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
– Завршено високо образование
– Најмалку 5 годишно работно искуство во координирање на комуникациски активности
– Изградени вештини за логистика и спроведување на административни задачи
– Искуство со спроведување на проекти во граѓанскиот сектор
– Изградени вештини за уредување, развој на содржини и комуникација со нови и традиционални медиуми
– Напредно користење со англиски јазик
– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
– Државјанство на Република Македонија
Предност ќе имаат кандидати со:
– Солидно познавање на јавно- здравствени мерки за превенција од ХИВ и туберкулоза
– Напредни вештини од сферата на социјалните медиуми
– Солидни знаења за on-line платформи за мобилизација на ресурси
– Искуство во каталогизација и издаваштво
Вработената или вработениот ќе биде одговорна/ен за организирање на логистичките и комуникациските активности. Обврските ќе бидат поврзани со логистика на состаноци и обуки, понатаму, со раководење на севкупната комуникација со јавноста и медиумите, организирање на конференции за медиуми, раководење со веб страна, платформи на социјалните медиуми, како и издаваштво.
Работниот ангажман е до март 2017 година и предвидува договор за работен однос со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување.
Најдоцна до 17.00 часот, 28 септември 2015 (понеделник) заинтересираните кандидати треба да достават:
– писмо за мотивација
– детална биографија
– една препорака од претходните работни места кои потврдуваат искуство во спроведување на комуникациски активности
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид. Ве молиме наведете телефон за контакт и e–mail адреса.
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за административен координатор НКМ можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
По пошта: Х.Е.Р.А. ул. Дебарца 56/1-4, Скопје, со назнака (конкурс за административен координатор НКМ )