ХЕРА е дел од Health Rights Online Festival, каде вкупно 3 наши видеа се селектирани, „Одлука“, “Секојдневните прашања заслужуваат одговор“ и „Кога 60 денари се луксуз“. Целта на фестивалот е да се соберат и да се промовираат видеа за застапување од целиот свет, кои се фокусираат на неправдите во доменот на јавното здравство и човекови права. Станува збор за вкупно 76 видеа, од кои 3 во продукција на ХЕРА.
Гласајте за вашиот фаворит со клик на копчињата на социјалните мрежи (Facebook, Twitter, LinkedIn, Google+) под секое од видеата.
1 клик/ споделување= 1 глас
1. СЕКОЈДНЕВНИТЕ ПРАШАЊА ЗАСЛУЖУВААТ ОДГОВОР
2. ОДЛУКА
Споделувајте, кликајте, поканете ги вашите пријатели…сите заедно да помогнеме да се подигне свесноста за сексуалното образование, контрацепцијата и пристапот до услуги!