Сите предуслови за осмислување и системско воведување на сеопфатно сексуално образование се остварени. Досега, задно со сите релевантни институции, Вклучувајќи го Министерството за образование и наука, се преземени следниве чекори:
- Спроведена проценка на потребата и на достапноста на информациите од областа на сексуалното образование во Македонија
- Подготвени насоки како да се воведе сеопфатно сексуално образование
- Подготвен прирачник за наставниците од основните училишта за теми од областа на сексуалното и репродуктивно здравје и права
Затоа, ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ги повикува граѓаните да дадат поддршка на петиција за воведување на сеопфатно сексуално образование во која од Министерот за образование и наука се бара:
За да се подобри сексуалното и репродуктивното здравје на младите во Македонија потребно е да ги преземете следниве мерки до почетокот на учебната 2014/15 година:
- направете ревизија и осигурајте целосна примена на предметот образование за животни вештини преку редовна инспекција на наставата
- прифатете го прирачникот за сексуално и репродуктивно здравје подготвен од ХЕРА и обезбедете обука на наставниците
- формирајте работна група која ќе подготви план за системско воведување на предмет според упатствата од Рамката за сеопфатно сексуално образование
(кликни на сликата за да се отвори документот)