ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Меѓународната фондација за планирано родителство – Европска мрежа, го спроведува проектот „ЦСЕ Грант 2019: Scaling up CSE in Macedonia – Make it real“. Во рамки на овој проект е предвидено прикажување на тв спот на национални телевизиски станици.
Ве покануваме да ни ги доставите вашите понуди најдоцна до 26 септември до 17.00 часот по електронски пат на konkurs@hera.org.mk и по пошта нa ХЕРА, ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје.
Во делот на технички спецификации се обезбедени информации и детали за поедноставно осмислување на понудата. Комплетното барање со инструкциите и техничките спецификации може да го најдете на овој линк.