ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Меѓународната фондација за планирано родителство – Европска мрежа, го спроведува проектот „ЦСЕ Грант 2019: Scaling up CSE in Macedonia – Make it real“. Во рамки на овој проект се предвидени активности за подобрување на пристапот до информации за сексуално и репродуктивно здравје во училиштата, како и подигање на свеста кај родителите и одговорните институции за придобивките од вклучувањето на сеопфатното сексуално образование како посебен предмет во формалниот систем на образование. Во кампањата ќе учествуваат родители кои ќе ги искажат нивните ставови и мислења за тоа што нивните деца би сакале да учат во делот на сексуалното и репродуктивното здравје на училиште. Предвидена е изработка на постери за прикажување преку билборди.
Ве покануваме да ни ги доставите вашите понуди најдоцна до 26 септември до 17.00 часот по електронски пат на konkurs@hera.org.mk и по пошта нa ХЕРА, ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје.
Во делот на технички спецификации се обезбедени информации и детали за поедноставно осмислување на понудата. Комплетното барање со инструкциите и техничките спецификации може да го најдете на овој линк.