Во периодот од 13 до 15 септември ХЕРА заедно со Град Скопје одржа тридневна обука за даватели на услуги во Семеен центар што ќе се отвори за неполн месец во рамките на проектот Прв семеен центар во Град Скопје.
Обуката беше наменета за психотерапевти/психолози и социјални работници-кандидати за даватели на услуги во Семејниот центар и целта на истата беше да се изградат капацитетите на учесниците за обезбедување на стручна поддршка во рамки на првиот семеен центар, како со жртви така и со сторители на СН.
Предавачи на обуката беа: Прим. д-р Мери Бошковска, Проф. д-р. Марија Ралева, Д-р Александар Марцикиќ и Филип Бабамов кои, преку вежби и размена на искуства, поттикнаа размислувања и дискусии во врска со работа (интервенции) со жртви (жени и деца) и сторителите на семејно насилство. Дополнително, се дискутираше за сопствените чувства во текот на работата со клиентите (контратрансфер) и се разработи односот во терапевтскиот пар со нагласување на позитивниот пример (role model) што парот го дава на клиентите во однос на меѓучовечки релации – почитување, граници, свесност за своите и потребите на другите.