17.12.2018

Комисијата за заштита од дискриминација продолжува со паушални и непрофесионални мислења

Мрежата за заштита од дискриминација остро реагира на непрофесионалното мислење на Комисијата за заштита од дискриминација по поднесена претставка од членките на Мрежата против Музејот за илузии „Илузиум“ за извршена дискриминација врз основа на личен и семеен статус во пристап до музејот. Ваквото мислење е само едно од многуте мислења кои покажуваат неправилно и нецелосно утврдување на фактичката состојба и неправилна примена на одредбите од Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на Комисијата за заштита од дискриминација. Ваквите мислења ги подриваат компетентноста и професионалноста во работата на Комисијата за заштита од дискриминација и укажуваат на итната потреба од носење и усвојување на нов Закон за спречување и заштита од дискриминација и итната потреба за реконструкција на Комисијата за заштита од дискриминација.

Имено, Мрежата реагираше на ценовникот на музејот, согласно кој цената на билет за возрасни чини 300 денари, цената на билет  за деца од 5 до 14 години чини 200 денари, додека цената на семеен билет за двајца родители и две деца чини 700 денари. Вака поставениот ценовник на музејот е дискриминаторски кон еднородителските семејства кои не можат да искористат попуст за своите деца. Воедно вака дефинираниот семеен билет не може да биде искористен од згрижувачките семејства или семејствата кои се старатели на деца, што претставува директна дискриминација врз основа на личен и семеен статус.

Во своето мислење, заверено под бр.0801-240/4 од 16.11.2018 година, Комисијата за заштита од дискриминација, воопшто не ги цени доставените докази од страна на Мрежата за заштита на дискриминација. Дополнително, во образложението на предметното мислење, Комисијата вели дека се обратила до Музејот за илузии „Илузиум“ во однос на наводите на претставката, од каде добиле одговор дека Музејот смета дека политиката за креирање на цените согласно пазарната вредност на нивните услуги не е дискриминација (?!), туку напротив дава поповолни услови за одредени категории на граѓани и дава можност што поголем број на луѓе да го посетат и уживаат во музејот (?!).

Загрижувачки е како Комисијата за заштита од дискриминација, како специјализирано тело за еднаквост и недискриминација не покажува сензибилност за еднородителските семејства, згрижувачките семејства и семејствата кои се старатели на деца, кои не можат да купат семеен билет по дисконтна цена како семејствата сочинети од двајца родители и две деца. Со ваквата несензибилизираност Комисијата за заштита од дискриминација, само ги подгрева и засилува стереотипите и стигмата за „нестандардните“ семејства. Во своето мислење Комисијата не дава никакво образложение или аргументи зошто практиката на музејот не ја смета за дискриминаторска, иако се работи за очигледен случај на директна дискриминација во пристапот на добра и услуги.

 

Лице за контакт: Игор Јадровски (igor.jadrovski@mhc.org.mk, 02 3119 073)

 

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Стандарди и процедури за работа на Кризен центар за жртви на сексуално насилство

Од непосакувано „додворување“ и шеги со сексуална конотација до силување, кое може да го врши непознат, цела група, познато лице или член на семејството, сексуалното насилство е често застапен вид на злоупотреба и дел од проблематичната реалност на многу жени и девојчиња во светот и кај нас.

Повеќе »

„Задоволство и врски“ – SexEd 2.0

На второто издание на SexEd зборувавме за магијата на задоволството, разноликоста и филозофијата на врските – со себе и другите. Јавно отворивме многу скокотливи теми и скршивме цел куп табуа во само една вечер. SexEd 2.0 е едукативно и инспиративно патување за сите сетила, а сега во него можете да уживате и вие преку раскажувачките моќи на нашите говорници.

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за видео продукција

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува барање за прибирање понуди од физички лица, консултантски куќи, здруженија на граѓани или фондации регистрирани согласно Законот за здруженијата на граѓани и фондации, за видео продукција – изготвување и испорака на едно промотивно видео и кратка верзија од видео спотот.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.