ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во рамки на проектот „ССО за сите: Време е сега – Застапување и поддршка на образовниот систем“, поддржан од страна на МФПР и Сигрид Раусинг Фанд, објавува повик за избор на преведувач од македонски на албански јазик за прирачник за врсничка едукација по сексуално репродуктивно здравје и права.
Вовед
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување го спроведува проектот „Време е сега – Застапување и поддршка на образовниот систем“, поддржан од страна на МФПР и Сигрид Раусинг Фанд, чија главната цел е да се зајакнат институционалните капацитети и да се подготви образовен модел за сеопфатно сексуално образование кој ќе биде изработен според релевантни наоди, спроведена евалуација и стандардите на Унеско и Светската здравствена организација.
Како дел од проектот „Време е сега – Застапување и поддршка на образовниот систем“ предвидено е превод на прирачник од македонски на албански јазик кој е адаптиран според последните стандарди и препораки на УНЕСКО-Образовна, научна и културна организација на Обединетите Нации и Светска здравствена организација, а пишуван од страна на психолози, правници, доктори и сениор едукатои од ХЕРА. Овој прирачник е водич низ неформалната врсничка едукација што ја спроведуваат сениор и јуниор врснички едукатори кои се сертифицирани и со помината обука.
Ниското образовно ниво и слабата достапност до информации од областа на сексуалното репродуктивно здравје и права се главните пречки што го ограничуваат пристапот до информации од областа на сексуалното и репродуктивно здравје и права. Врсничкото насилство, социјалните и родовите нееднаквости, зголеменото ниво на сексуално преносливи инфекции и малолетнички абортуси, како и стигмата во заедницата да се разговара за здравјето и важноста на овие прашања, пред сѐ, се должат на недоволната информираност кај младите и непрепознавањето на овие теми во рамки на образовните институции и формалното образование.
Од спроведените досегашни истражувања помеѓу албанските и македонските родители и наставници, на прашањето колку теми сметаат дека е потребно и младите треба да ги изучуваат на училиште тие ги дадоа следните одговори:
– Да научат како да се заштитат од сексуалното насилство во секојдневниот живот и насилството на социјалните мрежи (96% од испитаниците)
– Да знаат како да реагираат и кому да се обратат кога нивните сексуални и репродуктивни права се загрозени (96% од испитаниците)
– Да препознаат како се воспоставуваат здрави партнерски врски засновани на почит, а кои врски се штетни за адолесцентите (96% од испитаниците)
– Да знаат каде да се обратат за медицинска помош во случај на ризик од ХИВ и сексуално преносливи инфекции (95% од испитаниците)
– Да разберат дека сексуалните врски, желби и задоволството се природни, а не срамни појави (95% од испитаниците)
– Да знаат кои се индивидуалните и општествени последици од дискриминацијата врз основ на сексуална ориентација (94% од испитаниците)
– Да научат за различните форми на насилство и дека насилството, особено кон девојчињата, има последици кон целото општество (92% од испитаниците)
– Да научат за контрацепцијата за да се заштитат од несакана бременост (92% од испитаниците)
– Да знаат како да се справат со притисоците од средината за да се има сексуален однос (92% од испитаниците)
– Да научат какви телесни промени се случуваат кај двата пола во тек на пубертетот (92% од испитаниците)
- Ангажираниот/ата консултант/ка се ангажира за:
– Превод на прирачник за врсничка едукација од македонски на албански јазик
– Колектура на прирачникот за врсничка едукација
– Испратена финална верзија во однапред дадениот рок согласно договорот за ангажман
- Продукти и временска рамка за испорака:
Финалната верзија на прирачникот треба да биде испратена до ХЕРА најдоцна до 15 април 2022 година.
За оваа консултантска услуга се предвидени 230 страници за превод од македонски на албански јазик или вкупно бруто сума од 138.000,00 денари, со краен датум на завршување на активноста до 15 април 2022 година.
- Потребни квалификации
– Завршени додипломски студии;
– 10 годишно искуство во превод на македонски-албански јазик
– Да има познавање за темите во областа на младите и сексуалното репродуктивно здравје и права и млади;
– Течно говорење и пишување на македонскиот и албанскиот јазик;
– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи.
Предност ќе имаат кандидати кои:
– Имаат познавање од областа на педагогијата, психологијата
– Имаат искуство во работа со невладиниот сектор
- Потребни документи
– Професионална биографија
– Референтна листа на претходни слични ангажмани
– Портфолио на клиенти/организации за кои се спроведени ист тип на активности
Јавниот повик е отворен за сите заинтересирани кандидат(к)и до 29 март 2022 година.
Документите со назнака/предмет на пораката „Јавен повик за ангажирање на преведувач за прирачник за сексуално репродуктивно здравје и права“
Кандидат(к)ите можат да ги достават на следниот начин:
Електронски: konkurs@hera.org.mk
По пошта: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
ул. Франклин Рузвелт 51а/26, 1000 Скопје
Лицата коишто аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, во рок од најмногу 3 дена од донесувањето на одлуката за избор.