Почитувани граѓани, соработници и корисници на услугите на ХЕРА,
заради превенција и во согласност со препораките за заштита од коронавирусот КОВИД-19, во продолжение ве известуваме за есенцијалните услуги што ги обезбедуваме за време на вонредната состојба.
1. Младински центар „Сакам да знам“ – Водно
Во функција се телефонските броеви од Младинскиот ценар преку кои можете да се консултирате или да закажете преглед во зависност од Вашата потреба, секој работен ден од 11 до 18 часот.
Сите услуги во Центарот се нудат САМО СО ПРЕТХОДНО ЗАКАЖУВАЊЕ ПО ТЕЛЕФОН, КОНТАКТИРАЊЕ НА НАШИТЕ ТЕРЕНСКИ РАБОТНИЦИ И ПЕРСОНАЛ ИЛИ ПРЕКУ ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА.
Услугите ќе се даваат според протоколот за пример, закажување и нудење на услуги на клиенти во Младинскиот центар, за што ќе бидете информирани од нашиот персонал при закажувањето и при приемот во Центарот.
Во периодот што следува, ќе се нудат следните услуги:
1. Гинеколошки услуги:
– гинеколошки советувања и прегледи, дијагноза и третман на сексуално преносливи инфекции
– орална и итна контрацепција, тестови за бременост, кондоми и лубриканти
2. Превенција на ХИВ
– дистрибуција на кондоми, лубриканти и едукативни материјали
– советување и тестирање за ХИВ
3. Дерматовенеролошки услуги
– дерматовенеролошки советувања и прегледи, дијагноза и третман на сексуално преносливи инфекции
4. Психолошко советување со психологот Јасмин Јонуз (075 597 958)
5. Советувалиште за дроги
– телефонски советувања за родители и деца за превенција на употреба на дрога и психоактивни супстанци
6. Социјални и правни услуги
Можете да нè контактирате секој работен ден од 11 до 18 часот и тоа, телефонски на (02) 3 176 950 и електронски на hera@hera.org.mk или на Фејсбук.
По разговорот ќе Ви бидат дадени соодветни насоки за понатамошна постапка.
2. Младински центар „Сакам да знам“ – Шуто Оризари
Во функција се телефонските броеви од Младинскиот ценар преку кои можете да се консултирате или да закажете преглед во зависност од Вашата потреба, секој работен ден од 11 до 18 часот.
Сите услуги во Центарот се нудат САМО СО ПРЕТХОДНО ЗАКАЖУВАЊЕ ПО ТЕЛЕФОН, КОНТАКТИРАЊЕ НА НАШИТЕ ТЕРЕНСКИ РАБОТНИЦИ И ПЕРСОНАЛ ИЛИ ПРЕКУ ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА.
Услугите ќе се даваат според протоколот за пример, закажување и нудење на услуги на клиенти во Младинскиот центар, за што ќе бидете информирани од нашиот персонал при закажувањето и при приемот во Центарот.
Во периодот што следува, ќе се нудат следните услуги:
1. Гинеколошки услуги:
– гинеколошки советувања и прегледи, дијагноза и третман на сексуално преносливи инфекции
– орална и итна контрацепција, тестови за бременост, кондоми и лубриканти
2. Превенција на ХИВ
– дистрибуција на кондоми, лубриканти и едукативни материјали
– советување и тестирање за ХИВ
3. Дерматовенеролошки услуги
– дерматовенеролошки советувања и прегледи, дијагноза и третман на сексуално преносливи инфекции
4. Психолошко советување со психологот Јасмин Јонуз (075 597 958)
5. Советувалиште за дроги
– телефонски советувања за родители и деца за превенција на употреба на дрога и психоактивни супстанци
6. Социјални и правни услуги
Можете да нè контактирате секој работен ден од 11 до 18 часот и тоа, телефонски на (02) 2 651 955 и електронски на hera@hera.org.mk или на Фејсбук.
По разговорот ќе Ви бидат дадени соодветни насоки за понатамошна постапка.
3. Прв семеен центар на Град Скопје за услуги за родово засновано насилство и семејно насилство
Преку Првиот семеен центар на Град Скопје, ХЕРА обезбедува онлајн советувања за девојки и жени засегнати од родово засновано насилство и за други лица кои се засегнати од родово засновано и семејно насилство.
Доколку имате потреба од информации поврзани со семејно насилство и родово засновано насилство или сакате да закажете термин за советување, може да нè побарате секој работен ден од 11 до 18 часот на (02) 3 200 007 или, пак, да ни се обратите електронски на infopsc@hera.org.mk и на Фејсбук.
Јавното здравје е заедничка одговорност и зависи од сите нас. Бидете пример во заедницата со тоа што ќе ги почитувате препораките од надлежните институции и превентивните мерки за заштита од вирусот.