Виктор Дамјановски

Виктор Дамјановски

Виктор Дамјановски

Виктор Дамјановски е роден во Скопје во 1995 година. Факултетското образование го завршува на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет, каде што се стекнува со звање дипломиран инженер по хемија – аналитичка биохемија.

Во 2013 година, активно се вклучува во активностите на ХЕРА како волонтер во младинската група ХЕРА Млади. За време на неговото волонтирање се сертифицира за врснички едукатор по сеопфатно сексуално образование, а по кратко време започнува да ги тренира и новите генерации на врснички едукатори. Во текот на 2017 година, Виктор ја вршеше и улогата на координатор на секторот за неформално образование во ХЕРА Млади.

Започнувајќи од 2015 година, Виктор станува волонтер и на YSAFE, младинскиот огранок на Европската мрежа на Меѓународната федерација за планирано родителство (МФПР ЕН) со што се здобива со можноста да ги претставува младите на бројни меѓународни и локални конференции (WomenDeliver2016, ICPD+25, SexEd 1.0 и други). Од мај 2018 година, дел е и од управниот одбор на YSAFE.

Во тек е неговиот прв мандат како младински претставник на Управниот одбор на ХЕРА.