Елизабета Божиноска

Програмска директорка

elizabeta.bozinoska@hera.org.mk


Елизабета Божиноска дипломира на Институтот за социјална работа и политика на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Работата во ХЕРА ја започнува во 2005 година во рамки на Советувалиштето за психо-социјална поддршка на лицата што живеат со ХИВ, а од 2007 година работи како програмска координаторка за ХИВ во Извршната канцеларија на ХЕРА.

Одговорна е за планирање, спроведување и мониторинг на проекти од областа на ХИВ со посебен фокус на доброволно советување и тестирање за ХИВ, застапување за унапредување на ХИВ превенцијата  и  пристапот до здравствени и социјални услуги на лицата што живеат со ХИВ.

Активно е вклучена и во застапување за социјална инклузија, првенствено за родово-базирано насилство и сексуално и репродуктивно здравје и права кај девојки и жени Ромки.

Има долгогодишно искуство во истражувачка дејност во областите ХИВ, сексуално и репродуктивно здравје кај социјално исклучени лица, како и родовата еднаквост.

Од 2011 година е член во „Групата за стратегии за инклузија во Европската Унија“ во рамки на „Европската мрежа против сиромаштија“.

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Брошура за правата на ЛГБТИ луѓето

За македонските граѓани хомосексуалците се една од најмалку прифатливите групи сограѓани. ЛГБТИ луѓето се соочуваат со дискриминација на работното место, при користењето на правата од социјалната заштита и при пријавување случаи во полициска станица. 

Повеќе »

Чук, чук, извинете што пречам на часот, ССО кога ќе имаме?

Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за координатор/-ка на младинските центри „Сакам да знам”

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на координатор/-ка  на младинските центри за сексуално и репродуктивно здравје „Сакам знам” во Скопје, за периодот јануари – декември 2019 година.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.